Browsing: ВЕСТИ

Машката одбојкарска репрезентација, конечно, успеа до историски подвиг и пласман на сениорски завршен турнир по убедливиот триумф над Унгарија во Скопје. На успехот му претходеа и победи на Шведска над Азербејџан и на Летонија над Израел. Ждрепката е закажана на 16 јануари (19 ч.) во „Атомиум“ во Брисел, шампионатот е закажан за септември во Франција, во Белгија, во Холандија и во Словенија

Двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени се уште нема, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју за Сител и додаде дека тоа ќе се знае на самиот чин на гласање. Сепак изрази верување дека целиот процес ќе помине и во Македонија, но и во соседна Грција, бидејќи двете земји сакаат конечно да се стави крај на речиси тридеценискиот спор.

Куќа за родители што не се од Скопје, а чии деца се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести, беше отворена денеска во кругот на Клинички центар.

Тој посочи дека сите вакцини се со добар квалитет и од оргинален производител Глаксо Смит Клајн и појасни дека кај мал број односно кај еден процент од вкупниот број дистрибуирани вакцини од таа серија има декларација со постар датум.

Многу е интересно што повеќето такви, кои се прогласуваат себеси за flat-earthers, веруваат исто така дека вакцините се дел од тој голем светски заговор така што одбиваат да ги  вакцинираат своите деца