Browsing: ВЕСТИ

Набљудувачите на Цивил регистрирале полнење на кутии на гласачкото место 2447 во Сарај , граѓаните од овие избори очекуваат промени, подобар живот, подобра иднина за Македонија. Вести во една минута на НОВА на македонски и на албански јазик.

ДИК соопшти дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 10 часот е 9,49 отсто, МВР, МОСТ и ДИК регистрираа повеќе нерегуларности, во Струмица фатена копија од Избирачкиот список, почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова. Пладневен пресек во една минута вести на НОВА на макеоднки и на албански јазик

Денеска е последен ден од кампањата и последна шанса за партиите да им се обратат на гласачите и да ги убедат да гласаат за нивната платформа. НОВА ги праша гласачите што очекуваат? Граѓани испраќаат барања во СЈО за тоа дали нивните броеви се прислушувани. Јужнокорејската претседателка Парк Геун хје денеска и официјално претстана да ја извршува функцијата, а за вршител на должноста е назначен премиерот Хуанг Кјо ан. Преглед на денот во една минута вести на НОВА на македонски и на албански јазик.

Последен ден од кампањата, НОВАТВ и СКУП ги истражуваа имотните листови на ВМРО ДПМНЕ, отповикана јужнокорејската претседателка. Ова се пладневите вести во минута на НОВА на македонски и на албански јазик

Антикорупциска отвори постапки за предизборни вработувања, партиската пропаганда за молкот се сели на социјалните мрежи и порталте, магазинот Тајм го прогласи Трамп за „Човек на годината“ во традиционалниот избор. Пладневни вести во една минута на НОВА, на македонски и на албански јазик

На денот на предизборниот молк, партиската пропаганда и играта за добивање повеќе гласови на на изборите, ќе доживее кулминација на социјалните мрежи и порталите каде регулацијата е минимална или непостоечка

За ДИК е шпекулација дека отпечатени 80.000 гласачки ливчиња повеќе, екс шефот на УКБ Слободан Богоевски во НОВА дебата открива пропусти во истрагата за Коста Крпач, над сто загинати во силен земјотрес во Индонезија. Пресек на претпладневни вести во една минута на НОВА на македонски и на албански јазик.