Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
– Ќе изградиме модерен високо квалитетен скијачки центар на Попова Шапка, кој ќе обезбеди најсовремени услови за локалните и регионалните скијачи и сноубордери. Предвидено е да се изградат нови ски патеки за сите нивоа на скијачки вештини кои ќе зафаќаат 270ха совршено балансирани скијачки патеки
Опозицијата обвинува дека на вработените во Јавните претпријатија во Охрид им било наредено да гласаат до 10 часот и тоа за владејачката партија
-Можни се промени, ако масовно излеземе на гласање и ако одлучиме како што ни е во душата. Ние сме на страната на правдата и вистината. А со правдата и вистината никој не излегол на крај
-Ни ја земаа државата, ни ги земаа парите и сега со тие пари сакаат да не поткупат. Оваа власт покажа дека може да ни ја земе и работата, и живеачката, и слободата. Ама во недела ниту една сила не може да ни го одземе правото на глас. Во недела секој граѓанин е помоќен од власта, порача Шекеринска во Дојран, соопштува СДСМ
” Груевски не кажа ниту збор за кешот, партискиот имот, рајските шеми на братучедите, имотот на функционерите”, реагира опозициската партија
Зоран Заев се одлучи да биде полн со омраза кон своите политички конкуренти. Денес повторно од него видовме еден грст на неразумни навреди и омаловажувања, и не само за Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, туку и за сите носители на листи
Има информации за деструктивното сценарио кое се разгледувало од страна на Заев и неколкумина негови соработници, за свесно и намерно креирање проблеми во изборниот процес во недела, за да издадат наредба нивните претставници да ги напуштат гласачките места
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија ги известува граѓаните дека во недела, 27.04.2014 г. канцеларијата на Комитетот ќе биде отворена во текот на целиот ден со цел да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право на изборите
Носителот на ВМРО ДПМНЕ во „четворка“, Зоран Ставрески посочи дека нивната програма содржи 2046 проекти, кои сите содржат конкретни рокови, финансиски средства, надлежни институции задолжени за нивна реализација
Дел од криминалот на власта на Никола Груевски излезе на виделина. Голем дел допрва ќе излегува. Но, сега, убеден сум, ви е многу појасно со кого си имаме работа и мислам дека секому му е совршено јасно – ако алиментираме вакво зло во недела, не му се пишува добро никому во Македонија
Разлики во стратегиите за Крим и источниот дел на земјата. Рускиот претседател Путин во Крим виде стратешко место за анексија, смета универзитетскиот професор Кит Дарден. Федерализација- можност за Русија да го загржи влијание врз Украина, смета Ариел Коен од фондацијата Херитиџ
Граѓаните в недела само еднаш смета да го посетат избирачкото место и да го остварат правото на глас, како за вториот круг од претседателските избори, така и за предвремените парламентарни избори