Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија утре го почнува скринингот за преговорите со ЕУ

0
By Нова ТВ on September 26, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 26, 2018 09:53

Оваа недела официјално започнува претходница на скрининг процесот. Првата владина делегација на чело со вицепремиерот Бујар Османи со 40 претставници утре заминува во Брисел каде ќе се запознаат со првото поглавје кое се однесува на судството и фундаменталните права.

Со скринингот се опфатени 33 поглавја за што ќе бидат потребни 33 делегации и повеќе од 1.000 експерти од разни области.

-Свесни сме дека наредниот период е сериозен предизвик за нашата држава и дека во наредниот период ќе имаме интензивно темпо, но и можност да покажеме колку сме подготвени како земја да се соочиме со предизвикот за усогласување на стандардите и вредностите на ЕУ. За тоа ќе биде потребна целата домашна експертиза која може да дојде од академската фела, од цивилното општество, како и од секој друг заинтересиран сегмент, изјави Османи.

Владата објави јавен повик за надворешни експерти кои сакаат да се вклучат во процесот на преговори. Секој кој мисли дека може да помогне со своето знаење, ќе може да се запише во владиниот регистар и доколку има потреба да биде ангажиран.

Главниот-технички преговарач рече дека учеството на целото општество е обврска и задача за самите граѓани, но и за Владата.

-Целта на овој повик е создавање на база на сите заинтересирани лица со експертиза за едно или повеќе поглавја на правото на ЕУ, односно подрачја, теми и подтеми во рамки на поглавјата на правото на ЕУ кои ќе можат да бидат ангажирани повремено, привремено или постојано на пократок или подолг рок во текот на целиот процес, вели Бојан Маричиќ, главен технички преговарач

До јуни следната година се очекува да заврши скрининг процесот и потоа да се одржи заедничка владина конференција. Ако Македонија ги исполни сите предвидени барања од Брисел, тогаш се очекува во јуни официјално да се отпочнат преговори за членство.

Скринингот паралелно ќе се одвива со уште два процеса, имплементација на Договорот од Преспа и итните реформи во правосудството, безбедносните служби и јавната администрација.

Скринингот ќе трае околу една година

Скринингот е формална и техничка операција што ја врши Европската комисија, со цел да се подготват преговорите за членство со земјата-кандидат. Како процес, тој има за цел, од една страна – да ги запознае земјите кандидати со правото на ЕУ и на тој начин да ги подготви за преговорите. Од друга страна, целта е да се овозможи Комисијата и земјите-членки да го оценат степенот на подготвеност на земјата- кандидат.

Скринингот трае околу една година и се спроведува врз основа на изготвен распоред од страна на Комисијата. По извршениот скрининг на соодветното поглавје, Советот одлучува за започнување на преговорите, по препорака на Комисијата.

Македонија во 2001 година прва од регионот ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во 2004 аплицираше за членство, а во декември 2005 се стекна со статус земја-кандидат.

Во 2009 година по извршени длабоки реформи во клучните области, ја доби првпат и препораката на Европската комисија, паралелно и со либерализираниот визен режим. Оттогаш, девет пати по ред, заклучно и со оваа препорака во 2018 година, ЕК препорачува Македонија да ги почне пристапните преговори, но од познати политички причини, досега тоа не се случи.

Европската комисија во извештајот за земјава на 17 април годинава препорача Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

Европскиот совет на 26 јуни ја поддржа одлуката за условен почеток на преговори со Македонија, што треба да се отворат во јуни 2019. Тоа ќе зависи од исполнување на четири услови – спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на Договорот за името, позитивен извештај на Европската комисија и одлука на Советот на ЕУ.

ЕУ Македонија почеток скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.