Browsing: ВЕСТИ

„Чудно е затоа што 12 години имавме гласање во тензија и проблеми, но, како што изгледа, денеска е мирно затоа што ДУИ не учествува на овие избори, рече Тачи откако гласаше и истакна дека верува дека ќе вечерва ќе имаат добар резултат

На неколку избирачки места на Општина Гостивар до 10.00 часот воопшто не е гласано ниту за еден кандидат. Се работи за избирачки места во селата Падалиште, Корита, Мирдита, Страјан, Ѓеновица во три гласачки места во Чегране,и на едно избирачко место во Чајле

Во Шутка организирано се превезуваат гласачи до гласачките места со автомобили кои на десниот агол од шофершајбната имаат залепено хартија со бројот 1. Неколку такви автомобили кружат низ Шуто Оризари, ги земаат гласачите од домовите, ги носат до гласачките места да гласаат, а потоа во придружба ги спроведуваат до самото место на гласање, од автомобилот до гласачкото место

Излезеноста досега е многу мала, од изборната единица каде што сум јас член досега се регистрирани 2.3%. Нерегуларности нема, изборниот процес се одвива во демократски дух”, изјави за НОВА ТВ, Арсим Мифтари

Разлика од преку илјада гласачи се појавила утрово во списоците на ДИК и на Општинската изборна комисија во Велес. Оваа информација ја потврди и претседателката на ОИК Велес Емилија Андовска

Дарко Алексов, првиот човек на МОСТ: Набљудувачите регистрирале нерегуларности при гласањето: регистрирање на гласачи, делење пропаганден материјал, доцнење на отворањето на гласачките места

“Македонска нација”, http://www.mn.mk/, и Фаланга, www. falanga.com au онлајн весници на македонската дијаспора го прекршијаизборниот молк и објавија, како што тврди првиот весник, официјални резултати на претседателските избори. Џабир Дерала, Цивил за НОВА: Ова е прекршување на изборниот молк

Цивил соопштува дека до 16 часот имало неправилности во текот на гласањето на болните и изнемоштените во Кичево, Штип и Крива Паланка. Во повеќе општини во Скопје, како и во Велес, Гевгелија, Теарце, Кичево, Струга и Брвеница се бележат партиски активности на теренот, вклучувајќи делење пропаганден материјал

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на изборите за претседател, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321- граѓаните да пријават каква било повреда на избирачкото право