Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО самит: Непредвидливиот Трамп внесува тензии во Европа

0
By Нова ТВ on July 9, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 10:57

Во пресрет на самитот на НАТО што се одржува на 11 и 12 јули во Брисел, растат тензиите помеѓу 29 земји сојузници, јавi дописничката на МИА од Брисел.

Ова особено е нагласено по писмата што американскиот претседател Доналд Трамп ги испрати до десет земји барајќи од нив да платат повеќе во НАТО буџетот за колективната одбрана и по најавата за средба Трамп-Путин закажана за 16 јули во Хелсинки.

Непредвидливоста на однесувањето на Трамп, растечките тензии помеѓу сојузниците и можното доближување на САД со Русија внесуваат несигурност во Европа.

Само четири дена по самитот на НАТО во Брисел, Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Целта на средбата е да се види дали Москва има намера да ги намали тензиите со Вашингтон.

Во еден скорешен твит Трамп напиша дека е можно тој да оствари добри односи со Путин. Пред самитот Г7 Трамп сугерираше дека би било добро Русија повторно да се интергира во оваа група на најмоќни земји на светот. Русија беше исклучена по анексијата на Крим.

Така, многу сојузници денес се прашуваат дали Трамп е подготвен да го смени ставот на анексијата на Крим и тоа да му го прости на Путин. И дали ангажманот на Трамп на источната граница на НАТО ќе остане еднакво цврст во корист на сојузниците кои имаат испратено трупи во Летонија на заеднички НАТО вежби.

Меркел во саботата, во видео порака, порача дека НАТО мора да се фокусира на својот источен дел за да се одбрани од можна руска агресија и додаде дека тоа е значајно по по анексијата на Крим од страна на Москва и воените руски активности во источна Украина. Оваа изјава покажува дека најсилната европска земја верува во силната релевантност на воената алијанса.

– Се разбира, ние сакаме да имаме одговорни односи со Русија, рече Меркел и додаде дека “тоа е причината поради која ние ќе продолжиме со разговорите со рамките на Советот НАТО-Русија”.

Трамп во писмото до сојузниците рече дека Американците се уморни од нивното учество од 70 отсто во буџетот на НАТО и бара од сојузниците посветат 2 отсто од нивниот бруто производ на заедничката одбрана до 2024 година.

Најтежок јазик тој упати во писмото до германската канцеларка Ангела Меркел велејќи дека “континуираното германско недоволно учество ја нарушува безбедноста на Алијансата и им дава оправдување на други сојузници кои исто така не ги испорачуваат нивните ветувања за воена потрошувачка, а тие вас ве гледаат како модел”.

Многумина од европските сојузници но и Канада, стравуваат од изненадните и унилатерални одлуки на Трамп. Како скорешната кога најави крај на заедничките воени вежби со Јужна Кореја неколку дена по средбата со северно-корејскиот лидер Ким Јонг-ун. Или унилатералното повлекување од Климатскиот договор во Париз.

Постои дури и стравување дека Трамп би можел да не ја потпише заедничката декларација на НАТО со која завршува секој самит на Алијансата и која е еден вид патоказ за натамошната акција на сојузниците.

На сето ова треба да се додадат и трговските тензии помеѓу САД и ЕУ. Стравувања што се обиде да ги отстрани амбасадорката на САД во НАТО. Кеј Бејли Хачинсон вчера во интервју за Фокс Њуз изјави дека овие трговски тензии досега не се прелеале во НАТО.

– Сите овие несогласувања што ги видовме на Г7 помеѓу сојузниците со кои сега имаме трговски разговори и преговори за тарифите не се прелеале во контекстот на НАТО. Нашите дипломати се професионалци и тие остануваат на нашите НАТО позиции каде што сме 100 насто сојузници, рече Хачинсон.

Според Викторија Нуланд, поранешен амбасадор на САД во НАТО и екс помошник државен секретар за прашањата на Европа и Евроазија, овие две средби на врвот на Доналд Трамп – прво со сојузниците од НАТО во Брисел, а потоа и со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки – или ќе ја обноват светската доминација на САД или ќе ја поткопаат.

Таа вели дека Трамп “наместо да го премолчува Крим, да му простува на Путин за интервенција во нашите избори и да ги ублажува санкциите Трамп може – добивајќи поддршка на НАТО – да го врати значењето на американската дипломатија, покажувајќи му на Путин дека во името на нормалните односи со САД на Русија и тој ќе мора да се однесува на пристоен начин. Ако настаните тргнат по поинакво сценарио – НАТО ќе се најде долу во прашината, а Путин повторно на бел коњ – Америка само ќе слабее, а Трамп ќе остане само будала во спектакуларните противења што сам си ги започна”, пишува Нуланд.

Во моментов, Нуланд раководи со Центарот за нова американска безбедност. Нејзината анализа беше објавена во The New York Times.

 

буџет на НАТО Доналд Трамп Кеј Бејли Хачинсон НАТО самит Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.