Browsing: ВЕСТИ

Во својата партија, најавувајќи ги реформите, Ренци рече дека Италија мора да “смени и хоризонт и ритам” и да излезе од “мочуриштето” без да даде детали за тоа каде ќе најде пари за оживување на економијата, ублажување на даночниот товар врз претпријатијата и ниту пак за борбата против невработеноста.

Европската комисија одлучи да ги суспендира преговорите за учество на Швајцарија во Европската истражувачка програма Хоризонт 2020 во Еразмус програмата за студентска размена откако Берн одлучи да не го потпише Протоколот кон Спогодбата за слободно движење на лица

Прв е на светската ранг листа до 21 година, освои бронзен медал на Светското првенство за јуниори, а неодамна стана Европски првак на првенството за кадети во Португалија; во интервју за НОВА вели ќе работи за да биде голем спортист

Заедничкото барање е смена на Владите, укинување на финансирањето на политичките партии од буџетот, ревизија на приватизацијата, утврдување на потекло на имотот, усвојување на закон за одземање на незаконски стекнатите имоти во Федерацијата БиХ, укинување на паушалите и бенефициите за политичарите

Каква е врската помеѓу купците на фирмата на Мијалков во Чешка и фирмите-соработнички на Камчев во Скопје. Од Панама, преку Швајцарија – директно со инвестиции во Скопје 2014. Кои моќници инвестираат во Скопје, а оперираат во даничните оази

Холандската организација Aids Fonds лансираше кампања со наслов #dutchkiss (холандски бакнеж) во солидарност со глобалната ЛГБТ заедница. Aids Fonds ги повикуваат луѓето да партиципираат и да ја споделат оваа порака за Денот на вљубените : Да се бориме против нетолерантноста со љубов.

Лидерите на новинарите, Насер Селмани и Тамара Чаусидис за притисоците и уцените особено во Сител за да се зачленат новинарите во МАН, за мешањето на власта и улогата на Груевски и разговорите со Дуња Мијатовиќ во Скопје

Двајцата претседатели нема да ги споделуваат љубовните маки туку ќе се свртат кон државничките прашања. Обама одлучи да му посвети посебна чест на Французот и го одведе на имотот Монтичело каде што живеел третиот американски претседател Томас Џеферсон, познат како франкофил.

Емица Ниами- Налбантиќ: Драматичната ситуација во Босна остава отворено прашање- дали протестите ќе се прелеат во регионот? Корупцијата, нефункционалноста на институциите, злоупотребите на власта се детектирани во останатите земји на Балканот