Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФБ споделил со Кембриџ Аналитика податоци на 2.7 милиони ЕУ корисници

0
By Нова ТВ on April 6, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 6, 2018 16:28

Комесарката Вера Јурова синоќа доби потврда од Фејсбук дека податоците на 2.7 милиони европски корисници на социјалната мрежа биле споделени со Кембриџ Аналитика, јавува МИА од Брисел.

Комесарката за правда, Вера Јурова, пред една недела испрати писмо до Фејсбук, барајќи разјаснувања околу аферата со Кембриџ Аналитика во која милиони лични податоци на корисници на социјалната мрежа биле најверојатно нелегално искористени.

Фејсбук во писмото објаснува кои чекори оттогаш се направени.

– Писмото ќе биде анализирано во детали и ќе бидат потребни и дополнителни објаснувања од социјалната мрежа пред се за да се усогласат новите правила на Фејсбук со новата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци и поширокиот демократскиот процес, изјави портпаролот на Европската комисија.

Портпаролот најави дека Јурова ќе разговара идната недела на оваа тема со раководството на Фејсбук.

Во ЕУ од 1995 година постои директива за заштита на личните податоци но таа ќе биде зајакната до 25 мај годинава во контекст на нарушувањето на употребата на личните податоци преку Фејсбук и Камбриџ Аналитика.

Според портпаролот, новите правила ќе ја обврзуваат социјалната мрежа да побара и добие јасна согласност од интернет корисникот за споделување на податоците со трета страна. Директивата ќе содржи и рок од 72 часа во кој социјалната мрежа ќе мора да го извести корисникот доколку неговите податоци биле злоупотребени.

Во ЕУ, надлежните за заштита на лични податоци ќе добијат можност да санкционираат како има нарушување на дириективата за заштита на лични податоци и тие санкции ќе можат да изнесуваат и 4 отсто од вкупниот промет на социјалната мрежа.

 

Вера Јурова ЕУ заштита Кембриџ аналитика лични податоци Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.