Browsing: ВЕСТИ

По веста вчера дека американскиот Врховен суд донесе одлука истополовите бракови се легални во сите 50 држави на САД, Белата куќа ја промени својата слика на својот Фејсбук профил.

Грчкиот премиер доцна синоќа најави дека ќе се одржи референдум за текстот кој денес треба да биде резултат на преговорите за грчкиот долг за кои денес ќе се разговара во Брисел помеѓу Атина и главните кредитори.

Судот сега смета дека двојките од ист пол можат да го остварат фундаментално право да се венчаат. Оваа слобода повеќе не може да им се забрани“, ова го напишта судијата Ентони Кенеди во образложението на мнозинството.

Колку Европската унија и натаму за Балканот останува единствена алтернатива за подобра иднина со оглед на досегашниот неуспех на Брисел да им се приближи на земјите од регионот. Каде тука е Македонија која десетина години се обидува да ги почне преговорите за прием во Европската унија

Трет пат неделава Грција и министрите за финанции од еврозоната не успеаја да се договорат за долгот на Грција. Кредиторите се жалат на предлогот на Грција кој вклучува само зголемување на даноците, но не и намалување на трошоците

Сноуден и Асанж треба да добијат веднаш азил и француско државјанство поради “заслуги за нашата земја”, бараат повеќе француски политичари откако вчера медиумите објавија дека американската тајна служба НСА ги слушала разговорите на највисоките француски политичари.

Под претпоставка дека навистина ќе постигнеме договор во последен момент, следното прашање е дали поединечните парламенти ќе го ратификуваат и, колку време ќе помине додека да ни затреба нов договор

Дали е Балканот бојно поле на кое се судрија геополитичките интереси на Русија и Европа? Има ли пари во европската каса за енегретските проекти кои ќе обезбедат енегретски перспективи за Балканот? На овие прашања дебатираат експерти и европратеници во новото издание на емисијата “Балканот во Европа”

Како целокупната општествено- политичката ситуација влијае на зголемување на говорот на омраза. Зошто нападите врз новинари, активисти и граѓани, не се сфаќаат сериозно од правосудните органи, а не казнувањето уште повеќе ја подгрева атмосферата. Кои се најчестите основи за говор на омраза и каде се ги има. Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Јасмина Голубовска од Хелсиншкиот комитет и активист и Љуми Бекири од Студенски пленум и активист

Груевски мора да знае што вели историјата за ваквите лекции по демократија- доаѓа ден кога еден од странците го трга на страна, ги крева рамениците и му вели: Да се има врховна власт е лесно, но да се биде среќен…