Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фејсбук „крадел“ лични податоци од корисниците и преку игрите

0
By Нова ТВ on March 25, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 25, 2018 11:41

Фејсбук крадел лични податоци на неговите корисници дури и преку игрите, тврди поранешниот менаџер на компанијата Сенди Паракилас, додавајќи дека профилите на социјалната мрежа претставуваат „стока која секојдневно се продава“.

Паракилас, кој во Фејсбук работел во 2011 и 2012 година како лице одговорно за почитување на правилата за заштита на податоците на корисниците, во изјава за „Вашингтон Пост“ вели дека во тоа време не бил премногу загрижен за заштитата на податоците, но дека аферата со „Кембриџ Аналитика“ го поттикнала да проговори за овој случај.

Сенди Паракилас

Според него, податоци за корисниците биле „крадени“ и преку големиот број популарни игри на Фејсбук, вклучувакјќи ги и „Кенди краш“ и „Фармвил“.

Паракилас вели дека секогаш кога еден корисник ќе прифати некоја апликација преку Фејсбук му се појавува „прозорец“ со кој се бара дозвола за пристап до неговите податоци. Станува збор за податоци кои се јавни на секој профил, како име и презиме, фотографии, лајкови и слично, но апликацијата добивала и пристап до информации кои корисникот ги чува како тајни.

– Во времето кога „Кембриџ Аналитика“ прибираше податоци за корисниците, Фејсбук им дозволи на програмерите пристап и до податоци на пријателите на корисниците, дури и ако тие не ја инсталирале апликацијата, ниту пак и дозволиле да ги користи нивните податоци. Тоа на програмерите им овзоможи за кусо време да создадат огромни бази на податоци, вели Паракилас, додавајќи дека објавувањето на аферата со „Кембриџ Амалитика“ потврдува дека таа практика продолжила и по неговото напуштање на Фејсбук.

Според него, постои и опција да се забрани можноста апликацијата да има пристап до податоците на пријателите на корисниците, но таа се наоѓа „задскриена“ во поставките на Фејсбук и ја нема на сите јазици, па затоа само мал број корисници знаат за неа.

– Она што е најлошо е тоа што кога еднаш тие податоци од серверот на Фејсбук ќе преминат кај програмерите, Фејсбук веќе нема контрола врз нив, ниту знае за каква цел ќе бидат користени, додава Паракилас.

Тој за „Вашингтон Пост“ наведува и еден случај од 2011 година, кога Фејсбук открил постоење на апликација наречена „Клоут“, која на социјалната мрежа отворала профили чии сопственици се претставувале како деца. При тоа не станувало збор за вистински деца, туку за „профили духови“ создаден од самата апликација врз основа на податоците добиени од корисниците кои ја употребувале „Клоут“.

– Моја задача беше да се јавам кај шефовите на „Клоут“ и да ги прашам дали со апликацијата кршат некои од правилата на Фејсбук, затоа што ниту можев да видам, ниту да знам што прават со тие податоци. Тие ме уверуваа дека не прекршиле ниту едно правило. Јас им повторив дека мора да се придржуваат до нашите правили и тоа беше крај на разговорот, додава Паракилас.

Соред него, Фејсбук не презел ништо во врска со ова прашање, ниту пак го спречил „Клоут“ да продолжи да прибира податоци на корисниците.

Паракилас додава дека можело лесно да се види дека „Клуот“ ги крши правилата за приватност, но дека постоелие и „уште пострашни работи“ со апликации кои не можеле лесно да се отркијат.

Тој смета дека Фејсбук никогаш јавно не проговорил за овие проблеми затоа што не сакал јавноста да дознае за „големата дупка“ и слабостите на системот задолжен за безбедноста на податоците.

– Во 2012 година изработив голема презентација за главниот менаџмет со која им укажав на сите недостатоци на системот. Им објаснив дека имаме многу пропусти во системот и дека корисниците се опасно изложени на надворешни влиајнија. Тој документ го испратив до сите, но добив многу малку, речиси никакви, повратни одговори, вели Паракилас за „Вашингтон Пост“.

Фесјбук се најде на удар на критики на јавноста откако беше објавено дека социјалната мрежа на компанијата „Кембриџ Аналитика и доставила податоци на 50 милиони нејзини корисниц, без нивно знаење и одобрение.

Сопственикот и основач на Фејсбук, Марк Цукерберг досега не се огласи во врска со овој скандал.

игри Кембриџ аналитика лични податоци Сенди Паракилас Фејсбук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.