Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: Нема да ставам потпис на местото на претседателот

0
By Соња Петрушевска on March 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 29, 2018 12:23

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите изјави дека нема да се потпише на указот за прогласување на Законот за јазици наместо шефот на државата.

„Нема да ставам потпис на друго име“, рече Џафери. А на прашањето дали може  указот да се објави во Службен весник само со негов потписи, Џафери одговори „да видиме што ќе каже демократијата“.

Според собранискиот спикер, во оваа фаза нема рокови до кога указот на Законот може да биде потпишан и објавен. Решението најверојатно нема да биде донесено во брзо време, бидејќи “нема потреба од дополнителни тензии“, вели тој.

Претседателот Иванов има уставна должност да го потпише указот и доколку тоа не го стори, ќе треба да следува импичмент. За оваа процедура потребно е двотретинско мнозинство, кое парламентарното мнозинство го нема.

 -Парламентарното мнозинство не може да го исполни ова. Но, има други правни процедури и други одговорности. Има кривична одговорност според членот 335 за непочитување на службената должност, вели Џафери.

Собранието нема да иницира постапка до Уставниот суд, за да се утврдува улогата на шефот на државата за Законот за јазици, зашто нема конфликт на надлежности. Сепак, Џафери напоменува дека Собранието не може да се доведе во ситуација да се плаши да носи закони и да се прашува дали Претседателот ќе ги потпише или не – тоа ќе биде најлошата варијанта оценува спикерот. Не може ниту една институција да го запре Собранието да носи закони – вели тој.

Тој побарал и средба со шефот на државата, но не добил одговор.

-Побарав средба со Иванов, но не добив одговор. Изгледа бил зафатен. Потоа јас заминав на пат, рече тој.

По одлуката на Врховниот суд да го укине затворскиот притвор на пратениците од ВМРО ДПМНЕ, Џафери очекува тие да се вратат во работата на Собранието. Неучеството на опозицијата во Собранието беше условено со притворот на пратениците – тој аргумент сега е елиминиран и треба да се вратат вели Џафери.

Од шесте пратеници на ВМРО ДПМНЕ, тројца можат да се вратат во Собранието. За пратеничката Жаклина Пешевска Обвинителството ја запре постапката, а за Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски е укинат куќниот притвор.

Денеска во Собранието се поставуваат пратенички прашања – пратениците на ВМРО ДПМНЕ не се во салата.

 

Закон за јазици Иванов Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.