Browsing: ВЕСТИ

Државниот секретар на САД, Џон Кери, по разговорите со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Париз, изјави дека станало збор за можноста од примирје во Сирија, кое би се договорило на мировната конференција во Швајцарија наредната недела

Во своето отворено писмо Зола до претседателот на француската Република ја обелоденил аферата „Драјфус“, обвинувајќи ја француската влада за монтираниот судски процес и корумпираноста на судството, како и за дискриминацијата на Евреите

Есад Кочан: Системот почнува да крцка и да се распаѓа. Тесните врски помеѓу организираниот криминал и врвот на власта се толку јасни што дури ни пропагандата на режимот не може да ги сокрие. Насилството се јавува како секојдневен феномен. Се креира свет на илузии. Овој текст на Мустафа Чанка го пренесуваме од Балканскиот гласник (Courrier des Balkans).

Политичките аналитичари дебатираат: Про и контра консензуален кандидат за претседател за Македонците и Албанците, за кого Груевски и Ахмети би се договориле, имаат ли демократски капацитет овие лидери?

Објавена е листа на најбезбедните авио-комании. На врвот на рангирањето од „AirlineRatings“ за 2013, се најде автралиската „Куантас“; компанијата е наградена со седум ѕвездички, а нема забележано смртни случаи од самите почетоци во 1950 година

Рекордно-ниските температури низ САД и Канада го стопираа и падот на Нијагарините водопади; замрзнувачкото време и поларниот вртлог ја претворија водата во мраз, а влијае на речиси 240 милиони луѓе во САД и јужна Канада

Минатата година Лондон се најде на врвот на најскапи градови. Имено месечна кирија за наместен еднособен стан во Лондон просечно изнесува 4.250 долари, месечната карта за јавен превоз е 215 долари, а машка фризура чини околу 28 долари

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за НОВА: Барав во Брисел да се започне разговор со Грција за време на нивното претседавање со ЕУ на теми значајни за граѓаните на двете земји и да имаме интензивен дијалог како исчекор кој води во решавање на спорот