Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холокаустот во Македонија никогаш нема да биде заборавен

0
By Нова ТВ on March 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 11, 2018 16:48

«Холокаустот во Македонија никогаш нема да биде заборавен. Јасно и гласно кажуваме дека никогаш нема да го заборавиме холокаустот, никогаш нема да дозволиме извитоперување на историските факти и негово негирање», изјави денес претседателот на Собранието Талат Џафери во сеќавање на 7.114 Евреи од Битола, депортирани во Треблинка пред 75 години.

Република Македонија и нејзините граѓани секоја година на денешен ден се потсетуваат на овој трагичен настан и им оддаваат почит на овие сограѓани, но и на сите Евреи, жртви на холокаустот. Покрај другите гости од Германија или Израел, во Скопје утре ќе допатува премиерот на Бугарија Бојко Борисов кој ќе одржи говор по овој повод на 12 март пред споменикот на 7.144 македонски Евреи. Борисов е првиот бугарски премиер што доаѓа да им оддаде почит на депортираните Евреи за време на Втората светска војна кога Македонија била под окупација на бугарските соработници на нацистичка Германија.

Директорот на Фондот на холокаустот и Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје Горан Садикарио по повод утрешната посета на Бојко Борисов во Скопје, за агенцијата БГНЕС изјави дека вистинска храброст и смелост е неговото присуство и дека во Бугарија дува ветерот на промената.

Горан Садикарио

«Ова нешто се случува за прв пат – официјален претставник, при тоа премиер на Република Бугарија, да присуствува на комеморативна церемонија по повод депортацијата на Евреите. И тоа ќе се случи на местото каде што започнала депортација – Монополот. Тоа е историски настан и ја поздравуваме храброста и смелоста на Борисов да дојде на тој ден во Република Македонија», нагласи Садикарио.

Џафери потсети дека «ова е еден од најмрачните периоди на човековата цивилизација во минатиот век затоа што на најбрутален начин беа ликвидирани над шест милиони мажи, жени, деца и старци, само затоа што беа Евреи, а меѓу нив и 7.144 Евреи од територијата на денешна Република Македонија», рече Џафери.

«Никогаш нема да го заборавиме холокаустот, нема да дозволиме никаква појава на антисемитизам, на говор на омраза, на нетрпеливост, ксенофобија или какви било други појави кои претставуваат кршење на човековите права. Токму затоа, Собранието на Република Македонија годинава усвои Декларација во спомен на овие наши сограѓани но и како потврда на таа наша определеност», истакна Џафери.

Потсети и на други мерки и активности во знак на поддршка на еврејската заедница во Република Македонија, донесениот Закон за денационализација со кој и беше вратен целокупниот имот, како и изградбата на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

«Локацијата на Меморијалниот центар во центарот на градот, како и фактот дека од едната страна се наоѓа црква, а од другата страна џамија, на симболичен начин ја потврдува вековната толерантност и отвореност на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија. Затоа и со право, како граѓани на Република Македонија, бараме да не се заборави и никогаш да не се повтори холокаустот. Сакаме многу повеќе дијалог, толеранција и разбирање, како за решавање на глобалните проблеми, така и за регионалните и билатералните прашања», вели Џафери.

Денес исто така се одржа комеморација и во Битола. Сеќавањето на трагичното утро на 11 март пред 75 години, денеска во Битола беше одбележано со Марш на животот, во кој учествуваа неколку илјади Битолчани и гости од Германија и Израел.

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски истакна дека маршот е во чест на депортираните еврејски семејства жртви на холокаустот со што до светот, рече, ќе испратиме порака за мир, заедништво и соживот.

«Со маршот ја претставуваме патеката по која токму во Битола чекореле 793 депортирани семејства. Овој трагичен настан во Битола испраќа порака до светот како тој може да биде суров и ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото. Затоа од тука испраќаме порака за соживот и мир, а овие настани засекогаш да останат во историјата и никогаш да не се повторат», истакна Кирацовски.

Денешниот комеморативен собир и маршот во Битола го поддржа и заменик-министерот за одбрана на Израел, рабин Елиаху Михаил Бендахан, кој нагласи дека собирот во овој град бил одлична и уникатна можност да се соберат сите кои сакаат да потсетат на Евреите кои како заедница  живееле во Битола.

«Приказната за Битола се уште не е доволно раскажана, бидејќи не останаа живи луѓе што може да ја раскажат вистината за Битола, за утрото кога Евреите беа одведени во логорот на смртта во Треблинка. Им се заблагодарувам на луѓето во Македонија што денес маршираат за Евреите и што се грижат за Еврејските гробишта во Битола», рече  Бендахан.

Бојко Борисов Бугарија Втора светска војна Евреи комеморација Талат Џафер Треблинка Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.