Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО се уште не зело искази од Насер Селмани и Бејтула Асани

0
By Нова ТВ on March 12, 2018 ВЕСТИ
Фото: Репортер.мк
Фото: Репортер.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 12, 2018 15:41

Основното јавно обвинителство, одговарајќи на новинарско прашање на НОВА, информира дека надлежен јавен обвинител го повикал на разговор братот на функционерот на ДУИ, Бекир Асани, Бејтула, кој му се заканувал на претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Воедно, според ОЈО и Селмани бил повикан на информативен разговор во Обвинителството.

„За настанот за кој покажувате интерес ве известуваме дека во Основното јавно обвинителство Скопје е примено писмено известување од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и истото е веднаш распоредено кај надлежен јавен обвинител кој постапува по предметот. Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител презема дејствија за прибирање на потребни податоци. Повикани се и оштетениот и лицето што го дало коментарот за да дадат исказ во обвинителството“, се вели во одговорот од ОЈО.

Во изјава за НОВА пак, Селмани вели до утрово пред да излезе на работа, покана до него од Обвинителството немало, а освен кога ги поднел пријавите во полиција, со јавен обвинител нема разговарано.

„Досега не сум разговарал со обвинител. Само кога ги поднесов пријавите во полицијата имав разговор. Покана можеби стигнала дома денеска, но до утрово, пред да излезам, не сум добил никаква ниту сум имал разговор некаков“, вели Селмани.

Заканите на Бејтула Асани кон Селмани, беа упатени кога претседателот на ЗНМ, неодамна објави на Фејсбук критики кон Бекир Асани поради инцидентот кој го предизвика неодамна, напаѓајќи полицајка која им асистирала на пајак-службите додека му се отстранувало возилото за непрописно паркирање.

 

 

 

 

 

Веднаш по заканите на Бејтула, реагираше Насер Селмани со нова објава на Фејсбук дека нема да биде замолчен, по што пак, следуваше интервју на Бекир Асани, кој во интервју за Мактел, со погрдни зборови и сексистички го нападна претседателот на ЗНМ нарекувајќи го „копиле“ и „дно“.

Новинарите денеска, со цел да му искажат поддршка на првиот човек на ЗНМ, излегоа на протест, порачувајќи и на власта да ги задржи своите луѓе кои се обидуваат со вакви напади врз новинарите да ја замолчат јавноста, а особено по силните реакции законот да важи за сите и Бекир Асани да не биде имун на правдата откако ја нападна полицајката Јасмина Јаначковска, за што доби само прекршочна пријава од МВР.

 

 

Бејтула Асани Бекир Асани закон ЗНМ Насер Селмани новинари пајак полицајка протес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.