Browsing: ВЕСТИ
Велика Британија излегува на избори на 7 мај. И се наоѓа на еден вид раскрсница бидејќи во на политичкиот пејсаж важност добиваат и помали партии на кои лабуристите и конзервативците ќе мораат да сметаат за да состават влада. На овие избори оваа земја лесно може да влезе во “повеќепартизам” и да излезе од досегашната практично би-партиска политичка сцена.
Поради објавите на фотографиите при киднапирањето на турскиот обвинител минатата недела, турските власти го блокираа пристапот до социјалните мрежи Твитер, Јутјуб и Фејсбук
Илјадници граѓани се осудени, без нивно знаење на казна затвор во траење од три месеци или условно од една година бидејќи податоците на УЈП покажале дека имаат поголем приход од прикажаниот во обрасците што ги пополнувале во ФЗОМ
Чист патриотски чин на власта е оваа израелска донација- започнувајќи од шефот на тајната полиција, чие име би требало тивко да го изговорите, а јас нема да го споменам согласно максимата- Татковината, тоа е тој, предавниците, тоа сме ние!
Со оглед дека МВР тврди дека при набавката на опремата со пари од донацијата се платени царина и ДДВ, чудно е што во овој случај не била искористена можноста за ослободување на донацијата од овие давачки
Развојот на ситуацијата следи по истражувањето на неделникот Корео Семанал објавено на 19.март, во кое излезе список на Перуанци кои биле шпионирани од Директоратот на националната агенција за разузнавање (Дини)
Државната служба за борба против корупцијата на Романија (ДНА) влезе во битка со “меѓупартиската мафија”. Истрагата на ДНА почива на снимките на тајната служба на високи политичари. Се апсат судии, обвинители, бизнисмени и политичари од двете најголеми партии. Романија е на добар пат, вели Брисел.
НОВА ви претставува профил на „Влатко“ или личноста со која судијката од Управниот суд Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев
Главната уредничка на Фокус, Јадранка Костова и новинарката Оливера Трајковска дебатираат за лустрирањето на Костова, за мотивите и корените на овој потег на власта, како и за политичкиот и новинарски амбиент во времињата кога се товари Костова
Сечењето на дрвата во Центар продолжува. Денеска работниците го расчистуваат теренот на улица „Македонија“ каде утринава се исечени два костени. Од Град Скопје велат дека дрвата се исечени, бидејќи биле во фаза на сушење
НОВА со ексклузивна галерија од седиштето во Белизе каде што се регистрирани многу македонски компании, вклучително и компанијата на кумот на премиерот којашто купи илјадници хектари земја во најелитната населба во Македонија
Во фаза на изработка е Национална стратегија и регистар за ретки болести преку кои ќе прецизира кои ретки болести ќе се финансираат со парите од акцизите на алкохолот и цигарите. Неколку здруженија на пациенти со ретки болести велат дека се дискриминирани. Во ПРОЦЕС на оваа тема зборуваат Драгољуб Димов од Здружението за цистична фиброза и Виктор Горгиевски од Здружението за акромегалија
