Browsing: ВЕСТИ

Демократијата во Унгарија запаѓа во се поголема криза. Први на удар на авторитарните тенденции на унгарската влада се новинарите и граѓанскиот сектор. Што се случува во Унгарија? Интервју со унгарскиот новинар Ѓорг Фолк

Хравн има 25 години и е син на Кристина Форсне, новинарка и долго години дописник на весникот Афтонбладет и националната телевизија на Шведска во Париз. Во својата книга под наслов “Франсоа” таа ја раскажува својата интимна врска со францускиот претседател во периодот помеѓу 1980 и 1995 година.

НОВА ги објавува најгледаните Студиа во текот на изминатата сезона. Во телефонски разговор за НОВА, Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ зборува за обвинувањата на опозицијата за нејзиниот имот пријавен во Анкетниот лист, и становите на нејзините синови. Вели нема обврска да даде отчет за становите на децата. (23.01.2014)

Интернетот се‘ повеќе станува платформа за украинскиот конфликт, таму можат да се видат снимки: како возат тенкови, се вршат рации, апсења. Само на Јутјуб под поимот Украина има речиси 9 милиони видеа, а ако се напише со украинска кирилица, на располагање излегуваат уште 6 милиони.

Околу 730 илјади Украинци ја напуштиле земјата и заминале во Русија поради конфликтот во источна Украина. Податоците не вклучуваат сезонската динамика, во рамките на која луѓето ја преминуваат границата со цел трговија или туризам

Светските лидери ја одбележаа 100. годишнина од почетокот на Првата светска војна предупредувајќи дека останале бројни ненаучени лекции, имајќи ги предвид бројните актуелни кризи, особено онаа во Украина

Станува збор за земјена архитектура во кружен комплекс на површина 1,2 хектари. Тоа е резиденцијата на шефот, на кралскиот двор и благородништвото на народот Kassena кои први се населиле во регионот во 15 век, што ги прави една од најстарите етнички групи во Буркина Фасо

Генералниот секратар на ООН, Бан Ки Мун изјави дека нема ништо посрамотно од напад на деца кои спијат. Оваа вест ги предизвика и солзите на портпаролот на ООН кој пред камерата на Ал Џезаира не успеа да се воздржи да не заплаче.

Светозар Малинов европратеник од Бугарија во интервју за НОВА зборува за “Јужниот тек” и сите контроверзи на овoј проект кои се рефлектираат на политичката сцена во Бугарија како и на нејзините односи со ЕУ. Во интервјуто Малинов зборува и за блокадата на македонските евроинтеграции