Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: ВЕСТИ
Циклонот Теодор стигна во Хрватска и загрози три животи. Снег падна на Сљемен, Завижан и врвот Учка. Силата на бурата достигнува до 220 километри на час, па автопатиштата се затворени, уништени се многу згради
Автор и режисер на краткиот документарец за старата баба која продава цвеќиња е Петер Стрек, со наслов „The “Fower” Lady“, а локацијата на филмот е Скопје, Република Македонија
Потребни се црковни статуси адаптирани на австралиското законодавство и потребен е постојан митрополит за да се решаваат проблемите. Ова се дел од темите на разговорот со Претседателот на здружението на црковните заедницици од Австралија, Игор Аврамовски Александров.
Дебата на Рамадан Рамадани, колумнист и Мухамед Зекири, новинар: За линчот и хајките кон нив на социјалните мрежи но и од ДУИ; за плановите на Ахмети за именување заеднички претседателски кандидат на ДУИ со власта или со опозицијата
Сторија на Ал Џазира: Појавата на шугата кај двајца ученици во едно основно училиште во белградската населба Земунско поле предизвика бурни реакции кај жителите. Протестирајќи во средината на населбата, неколку стотина луѓе за заразата го обвинија Ромите од тој крај.
Бранкица Димитровска, од Крива Паланка, со дијагноза параплегија, односно траен инвалидитет се обрати на социјалната мрежа Фејсбук, со цел да купи нова количка
Симеон Попов, бугарски студент, за НОВА зборува од каде иницијативата за протестите на студентите во Бугарија, за идејата и посакуваниот резултат од нив, за одговорот на премиерот Орешарски на нивните барања
Тито Петковски лидер на НСДП во интервју за НОВА: За односите со Груевски, вели дека не би се изненадил и тој да биде уапсен, говори за партиските калкулации за идниот претседател на Р.Македонија
Асмир Беговиќ на 2 ноември 2013, во натпреварот на својата екипа Стоук, против Саутемптон кој заврши 1-1, уште во првата минута постигна погодок „од гол на гол“; прв на вечната листа е Рожеиро Сени, кој има постигнато неверојатни 112 погодоци во својата кариера
Бугарија се потешко се носи со емигрантите. Во моментов нивниот број е помеѓу 8 и 9 илјади. Без лекови, без вода и без струја – во вакви услови престојуваат бегалците – Репортажа на Ал Џезеира Балканс
За условите во кои се работеше на претставата „Огнени јазици“; Министерката за полиција не смее да кажува кој е за лустрација; Канчевска ќе влезе во келеф-тефтерот, ова се дел од темите на кои во Студио на НОВА зборуваше режисерот Слободан Унковски
Дебата на НОВА: Извршната директорка на студентската организација Излез, Благица Петрова и студентот Сунаи Сабриовски- за студентскиот стандард, какви се условите во кои живеат студентите, за заканите кон нив ако проговорат јавно