Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов живот за славната јахта “Галеб” на Тито

0
By Нова ТВ on January 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 17, 2018 14:22

Европските фондови и волјата на градоначалникот на Ријека ќе ја оживеат славната јахта на Тито на која пловеле Елизабет Тејлор, Софија Лорен, многу светски политичари, место на кое биле преговарани меѓународни договори. Таа ќе стане пловен музеј во 2020 година, во моментот кога Ријека ќе биде една од културните престолнини на ЕУ.

Јахтата “Галеб” треба да мине низ сериозен “лифтинг” и за тоа ќе бидат потребни 5,4 милиони евра што Ријека ќе ги добие од ЕУ.

По смртта на Тито во 1980 година, јахтата беше укотвена во пристаништето во Ријека и почна да пропаѓа во текот на 90те години кога екс Југославија се распаѓаше. Потоа ја купи Грк кој поради долгови мораше да ја продаде на јавно наддавање па така во 2009 година градот Ријека ја купи јахтата од 117 метри.

Сега планот е јахтата да се претовори во музеј во 2020 година и да биде главната атракција кога Ријека ќе биде европска културна престолнина, објаснува за агенцијата АФП Војко Оберснел, социјал-деморатскиот градоначалник на Ријека.

Проектот предизвика полемика во Хрватска каде на власт се конзервативците. Во Хрватска Тито важи за анти-Хрват и е контроверзна личност, многу повеќе отколку во другите екс југословенски земји.

Неговата улога во борбата против нацизмот е јасна и не е контроверзна. Но, неговите противници тврдат дека бил диктатор и дека изградил култ на неговата личност во Југославија. Во септември, под притисок на националистите, во Загреб беше прекрстен главниот плоштад што го носеше името на Тито.

“Идејата за бродот не е да се воспева Тито туку да се раскаже историјата на Југославија и на Хрватска”, објаснува Оберснел.

Историјата на бродот е долга и богата

“Галеб” е произведен во далечната 1938 година во Џенова. Неговата прва улога бил транспортот на банани и тогаш го носел името “Рамб III” и подоцна станал италијански воен брод за време на Втората светска војна. Во 1941 година “Галеб” е потопен од Британците, потоа поправен, одземен од нацистите и подоцна повторно потопен кога сојузничките сили ја бомбардираат Ријека во 1944 година.

Повторно е поправен и станува официјалниот брод на Тито по војната. Со тој брод Тито стасува во Лондон преку Темза во 1953 година на средба со Винстон Черчил и тоа е првата официјална посета на еден комунистички лидер во Велика Британија.

“Галеб” на Темза на средба со Черчил во 1953 година

На “Галеб” исто така се водени преговорите што му претходат на креирањето на движењето на неврзаните, објаснува за АФП Кристина Павец, конзерваторка на градскиот музеј на Ријека, задолжена за овој проект.

Движењето на неврзаните е креирано во 1961 година на иницијатива на Тито, Нехру од Индија, Насер од Египет и Нкрумах од Гана а земјите што во него учествуваа имаа за цел да го избегнат судирот помеѓу Западот и Истокот во Студената војна.

Тито со јахтата патувал 14 пати во 18 земји

Сегашната состојба на јахтата е недолична за неговото славно минато. Денес столовите се клатат, полни се со прашина, канти се поставени по подот за да се соберат капките вода што паѓаат од таванот кој во секој момент може да се урне, ја опишува состојбата на “Галеб” дописникот на АФП од Ријека. Павец вели дека целиот мебел на бродот е оригиналниот од времето на Тито и целта е тој да биде реновиран за се прикаже во детали како се живеело на бродот во тоа време.

Сегашната состојба на славниот “Галеб”
“Галеб” пропаѓа во пристаништето во Ријека

Главниот салон е во фаза на распаѓање (фото АФП)

Освен музејот на бродот ќе има хотел и ресторан.

Ријека е третиот најголем град во Хрвтаска со 130.000 жители. Во комунизмот Ријека беше просперитетно пристаниште но денес е во криза поради процесот на приватизација во Хрватска и лошото раководење со земјата по војната за независност во 90те години.

Оберснел е градоначалник од 2000 година и се верува дека јахтата музеј ќе биде главниот елемент на новиот проект за ревитализација на Ријека во кој влегуваат и други туристички и културни атракции.

Автор на насловната фотографија Емил Позар, Alamy Stock Photo

Галеб Историја јахта Јосип Броз Тито Југославија музеј Ријека Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.