Browsing: ВЕСТИ

Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат

Се уште е рано да се дадат било какви резултатите, но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети, истакна Бујар Османи

Во изјава за медиумите Османи соопшти дека на највисокиот орган на партијата ке и биде предложена одлука, овие избори да не ги признае. Тој најави дека ке се обратат и до Советот на Европа да не ги признае овие избори во Македонија

Државната изборна комисија ги објавува резултатите: ВМРО-ДПМНЕ има 30.398, односно 41,49%, а СДСМ- 13.726 или 18,73%, од досега процесирани избирачки места 15,40 % /

Потегот на СДСМ да не се признаат изборите веднаш после завршување на изборите, без да се знаат резултатите е оспорување на цел изборен процес, објаснува за НОВА Александар Новаковски, поранешниот претседател на ДИК

„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која е присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство

СДСМ се обиде да претстави дека има прекршување на изборниот процес, без ниту еден доказ или аргумент, или пак со само недоречености и манипулации. Граѓаните тоа не го дозволија – изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната прес-конференција

Во Богданци, член на ИО на определена политичка партија по телефон ги соопштувал лицата кои се симпатизери или членови на партијата, а кои уште не излегле да гласаат. Откако пристигнале набљудувачи од ОБСЕ, ваквата практика престанала