Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ХК: Законот за азил има недостаток во имплементација на ЕУ директивите

0
By Нова ТВ on December 18, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 18, 2017 11:57

Предлог-законот за меѓународна и привремена заштита, кој се однесува на баратели на азил и признаени бегалци и кој ќе го замени сегашниот закон за азил и привремена заштита, во моментот е во подготовка, а Хелсиншки комитет за човекови права поднесе коментари со цел подобрување на конечниот текст.

Според Хелсиншкиот комитет, позитивен исчекор е направен кај причините за прогон, каде што сега се вметнува и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Според Комитетот, во новата верзија на законот проблематични се неколку членови кои што се однесуваат на недопуштените и очигледно неоснованите барања, остварувањето на правата на барателите на азил во пракса, ограничувањето на слободата на движење и на принципот на локално учество.

– Новиот закон за меѓународна и привремена заштита има одредени позитивни, но и негативни измени. Намерата на законодавецот е да ги воведе принципите и стандардите поставени во ЕУ-директивите во најголема можна мера, меѓутоа, забележани се одредени недостатоци при нивната имплементација, вели Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет.

Според неа, позитивнa променa е што во причините за прогон за кои може да се поднесе барање за азил во земјава, се вметнува сексуалната ориентација и родовиот идентитет, што е согласно ЕУ Директивите од 2011 година.

– Воочивме дека формулацијата не е баш најсоодветна во законот и веројатно е последица на лош превод на ЕУ директивите (наместо родов стои „полов идентитет“) за што укажавме во доставените коментари, но ваквата промена е навистина голем напредок за државата. Останува да се работи на механизмите за заштита на правата на ЛГБТИ-лицата во државата, за доколку лица поднесат барање на азил врз основ на сексуална ориентација или родов идентитет да може да им се обезбеди ефективна заштита, истакнува Пировска.

Кај недопуштените барања, според Хелсиншки, проблематично е што одредувањето на безбедна трета земја за барател на азил се базира на „докажување“, наместо на „оспорување“. Тие наведуваат дека Директивата 2013/32/EU во член 39 став 3, објаснува дека на барателот на азил ќе му се дозволи да „оспори“ дека третата земја не е безбедна за него, согледувајќи ги неговите индивидуални околности.

Хелсиншкиот комитет појаснува дека менувањето на терминологијата од „оспори“ во „докаже“ остава простор за зголемен број одбиени барања за азил, под изговор дека лицето-барател не докажало дека третата земја не е безбедна за него.

Проблеми во праксата се јавуваат со целосното остварување на правата на барателите на азил, поради идентификационата исправа што тие ја добиваат. Во исправата за идентификација, од Хелсиншки наведуваат не постои единствен матичен број, кој е предуслов за остварување на правата од социјална и здравствена заштита, како и од работните односи.

Според организацијата, неопходно е да се најде системско решение, кое би вклучувало измени на повеќе закони или подзаконски акти, што би ги отстранило пречките за остварување и уживање на правата на барателите на азил и би ја зголемило нивната заштита во текот на траењето на постапката по барањето за азил.

Новина во законот е можноста за ограничување на слободата на движење. Хелсиншкиот комитет укажува дека овој предлог е целосно спротивен на основните човекови права и слободи.

Предложениот текст предвидува дека во исклучителни случаи може да се ограничи слободата на движење, особено ако се процени дека постои ризик од бегство, за заштита на јавниот ред и националната безбедност или кога странец е задржан со цел да се подготви за постапка на враќање или отстранување.

МХК смета дека ваквите исклучителни случаи на ограничување на слободата на движење може да водат кон арбитрарно лишување од слобода од неколку аспекти, особено земајќи ја предвид процената за ризик од бегство.

Предлогот на Хелсиншки комитет е целосно укинување на можноста за ограничување на слободата на движење во случај на процена за ризик од бегство, како и кратење на предвидениот рок за ограничување на слободата на движење, кој со продолжување може да трае најдолго до шест месеци.

Хелсиншки комитет има забелешка на членот што се однесува на локалната самоуправа, а кој во новиот закон единствено подразбира обврска за сместување. Меѓутоа, од Хелсиншки велат дека искуството со скорешната бегалска криза покажа дека засегнатоста на општините е далеку поголема.

Организацијата смета дека овој член е неопходно да се прошири и да се предвидат одговорности на локалната самоуправа и во целокупниот процес на интеграција на лицата со признаен статус на бегалец и супсидијарна заштита.

бегалци Закон за азил Мигранти Хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.