Browsing: ВЕСТИ
Се разликува бројот на излезеност на парламентарните избори и претседателските избори
во Куманово, Арачиново и Липково навреме се отворени сите гласачки места
Од досегашните 153 пријави кои пристигнале до невладината „Цивил“, најчести се проблемите со избирачкиот список, незаконското однесување на членови на избирачките одбори, семејно и групно гласање, партиски активизам и обиди за поткуп на гласачите
Семејно гласање, поткуп на гласачи за 500 денари по глас, организиран превоз на гласачи и нерегуларности во избирачкиот список се само дел од забелешките на невладината Цивил констатирани до 12 часот
Досегашен пратеник и член на една од партиите јавно ги повикувал гласачите да гласаат за неговата партија во наслебата Шуто Оризари. Партиски активисти од истата партија делеле им делеле сендвичи на граѓаните од ромска националност, информира НВО Цивил
Пред избирачкото место 692 во општина Кавадарци, кое се наоѓа во домот на културата во с.Ваташа, од утрово тројца членови од политичка партија, седнати спроти избирачкото место со списоци водат евиденција на граѓаните што влегуваат во избирачкото место, објави порталот Мојот град
Во избирачко место во населбата Бутел, Цивил регистрира гласачи од Пустец донесени со комбе. Според Цивил, десетина гласачи од Пустец со лични карти од Македонија биле донесени во општината Бутел со комбе со регистерски таблички од Тирана, Албанија
Според извештаите од теренот големо мнозинство на гласачите етнички Албанци го одбиваат гласачкото ливче за претседателски избори и гласаат само за парлемантарните
Граѓани пријавиле закани на избирачки места, повторно е забележано семејно гласање, организирано носење на гласачи на избирачки места.
Во раните утрински часови, партиски активисти оставиле пропаганден материјал пред вратите на куќи и станови. Ова кршење на изборниот молк се евидентираше во скопските општини Аеродром, Центар и Карпош, каде е вршена агитација со делење пропаганден материјал, објавува Цивил
Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани неправилности на гласачките места
Извршниот комитет на ЛП пред вечерашното пребројување истакнува дека се солидаризира со ставот на мнозинството опозициски партии за неприфаќање на резултатите од денешните избори
На 27 април 1994 година во земјата беа спроведени првите слободни избори, на кои победи дотогаш забранетиот Африкански национален когрес, а претседател стана Нелсон Мандела, кој повикуваше на расно помирување