Browsing: ВЕСТИ
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села во интервју за НОВА: Не е само Монструм причината за протести, зошто вели дека се дел од албанскиот народ во регионот, но се чувствуваат отфрлени од Македонија, за неговиот став дека Албанците треба да чуваат оружје дома, зашто оваа држава не ги штити, туку ги затвора
Во авионот во кој загинаа 289 патници, бил Јуп Ланг, истакнатиот ХИВ истражувач, како и портпаролот на СЗО (Светската здравствена организација) и поранешен новинар на Би-Би-Си, Британецот Глен Томас
-Канцеларката Меркел сака да испрати јасна порака дека Германија сака да го поддржи проширувањето.но треба да бидеме искрени и вие да кажете дали навистина ја сакате ЕУ, вели Курт Флекенштај германски европратеник за НОВА
Израелската армија предупреди десетици илјади жители во северна Газа да ги напуштат домовите „додека не им биде кажано поинаку“ продолжувајќи ја својата кампања на воздушни напади против Хамас кој испраќа ракети кон Израел
Холандската држава е цивилно одговорна за смртта на над 300 муслимани мажи и машки деца во Сребреница за време на војната во Босна во 1995 година. Оваа одлука денес ја донесе холандски суд подвлекувајќи дека Cините шлемови на холандскиот контингент “Дачбат” не ги заштитиле овие лица.
Што ќе донесе новиот состав на ЕК на чело со Јункер за Балканот? Дали Германија ќе се ангажира во процесот на проширувањето и решавањето на билатералните спорови на Балканот? Каков е имиџот на Македонија во Брисел? На овие прашања одговара Аугустин Палокај долгогодишен дописник од Брисел
Остатоците од луксузниот италијански брод „Коста Конкорсија“ денеска успешно се подигнати и подготвени за одвлекување до бродоградилиштето во Џенова
Македонија беше заборавена како tera incognita, но со последните случувања повторно ќе го сврти вниманието на меѓународната заедница и ќе се види кој пали пожари, а кој гаси во Македонија, а кој се прави дека пали, вели во Студио на НОВА, Владимир Милчин, првиот човек на фондацијата Отворено општество
Дел од демонстрантите се за мирни протести но дел сакаат да се го пробијат полицискиот кордон, тие во моментов се расправаат меѓу себе. Демонстрантите се агресивни кон новинарските екипи, вели Цветковска, која информира дека и самата била удрена по глава со некој предмет.
Случајот со Малиот Леон кој деновиве го сврте вниманието на јавноста, отвори многу прашања и дилеми. Во оваа емисија на ПРОЦЕС разговараме што можеле институции и сите инволвирани да направат за детето да биде згрижено така како што треба. Кој се е одговорен за тортурата врз детето, уште колку вакви случаи има во државата
Според ОН, околу половина милион граѓани од земјата избегале од воените дејствија на југоистокот од земјата во Русија
Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија се земјите во кои има најголема потрошувачка на кокаин и екстази, се наведува во извештајот на ОН за користењето на т.н. „дроги за забави“ во 2014 година
