Browsing: ВЕСТИ

Денеска јасно е. Кажавме и покажавме кој е креатор на овој огромен грабеж, на Република Македонија. Почна со Македонска Банка, шемата се прошири преку Окта, Телеком.Продолжи да расте со офшор компании кои се влезени секаде во Македонија. Сѐ контролираат, рече Заев во Кочани

Во неделата имавме јасно изразена волја на граѓаните,успешен изборен ден и 123 илјади гласа разлика за претседателот Иванов.Тоа не дојде случајно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вчерашниот митинг во Берово

Снабдувањето со енергија на Германија зависи 70 проценти од увоз на енергенси. Само Русија покрива една четвртина од енергетските потреби на Германија со извоз на гас, нафта и камен јаглен. Краткорочно за тоа нема замена

Бујар Османи, ДУИ и Алберт Муслиу, аналитичар, со коментар за обвинувањата на Заев за корупција на Груевски. Дали ДУИ ја извојува победата на Иванов во првиот криг со бојкотот? Дали ќе добијат претседател во Собранието и дали покрај се ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ?

Се менува Македонија кон подобро. Секое ново работно место значи уште едно посреќно семејство. Со секоја зголемена плата, се носи среќа во домот. Со секоја повисока пензија, имаме спокој за нашите пензионери, истакна Иванов

Немаме ингеренции да проверуваме дали се точни податоците од личните карти, изјави, портпаролот на МВР Иво Котевски, откако вчера екипата на „Цивил“ пронајде две згради во Кисела Вода кои имаат по два влеза, а во избирачкиот список додаден е уште по еден влез, кој на теренот не постои

Над 80 медицински сестри останаа без работа како резултат на реформите кога матичните лекари од јавното здравство станаа концесионери. Тие обвинуваат дека тогаш на лекарите им беа дадени сите права, а тие добиле само обврски. Осум години подоцна, дел од нив останаа на улица

– Плебисцитарното НЕ на Албанците на 13 април беше надпартиски став, со кој тие покажаа голема свест за времето во кое се наоѓа земјата и предизвиците со кои се очекува да се соочи, изјави пред новинарите Бујар Османи од ДУИ

СДСМ денеска на медиумите им ја достави аудио снимката, која според нив е доказ за тоа дека премиерот Никола Груевски договорил кеш 1,5 милиони евра од газда Нини од продажбата на Македонска банка

Два дена го повикувам премиерот Груевски да каже како и зошто зел 1,5 милиони евра во кеш? Тој молчи. Епа ние нема да молчиме, до крај ќе одиме во разобличување на оваа власт. Ние ќе продолжиме, па нека види целиот народ кој лаже и кој не е чесен, рече Заев

Груевски рече дека на овие избори партијата излегла со најдобро осмислената програма во досегашната историја на РМ. И не само тоа туку ја имала една од најдобрите програми во југоисточна Европа што било која партија досега ја направила

Тие ја поистоветија партијата со државата, правејќи ни ја државата политички опонент и спроведувајќи системска кражба. Граѓаните веруваат во нашиот концепт, затоа масовно да излеземе и да не дозволиме да се фалсификува волјата на граѓаните, повика Пендаровски