Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само Македонија ќе ги исполни условите за членство во ЕУ до 2023

0
By Нова ТВ on November 7, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 7, 2017 10:35

Меѓу земјите кои се надеваат на членство во Европската Унија, Македонија е со најголеми шанси, се наведува во студијата на професорката Тина Фрајбург од Универзитетот во швајцарскиот Сент Гален. Студијата, првично објавена на порталот „Еурактив“, го привлече вниманието и на германските медиуми, па се најде и на страниците на весникот „Тагесшпигел“, пренесува Дојче Веле.

Целта на студијата било да утврди какви се шансите на петте земји-кандидати: Албанија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција, да се приклучат кон ЕУ пред 2050 година, врз основа на претходно поставените рамки за придружување.

Придружувањето кон ЕУ за земјите кандидати е можно само откако ќе се исполни сеопфатната листа на критериуми и откако ќе се имплементира законодавството на ЕУ во домашната легислатива. Тоа ги вклучува сите сектори, од правосудни реформи до транспорт и енергетска политика.

Според студијата, Македонија е единствената земја која може да ги исполни критериуми пред 2023 година, додека Србија и Турција би можеле тоа да го сторат кон средината на 2030 години.

Што се однесува до Албанија и Босна и Херцеговина, тие би можеле да се надеваат на исполнување на сите критериуми дури пред 2050 година.

Професорката Фрајбург вели дека нејзината работа ја исклучува политичката димензија на проблематиката, вклучително и мораториумот на проширување од страна на Европската Комисија, како и нестабилноста во Турција, политичките проблеми во земји како БиХ, или фактот дека напредокот на Македонија е блокиран од страна на Грција поради деценискиот спор за името.

Студијата не ги опфаќа Црна Гора и Косово. Според авторката, тоа се должи на недостатокот на податоци преку кои би можела да се направи реална проценка. Фрајбург вели дека Црна Гора би можела да се спореди со Македонија „затоа што има слични карактеристики“, и оттука би можела побрзо да ги исполни условите на ЕУ.

Студијата заклучува дека проширувањето најчесто се придвижува поради напредокот и политиките на земјата-кандидат, а не како резултат на „експанзионистичката“ политика на Брисел.

ЕУ Македонија студија услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.