Browsing: ВЕСТИ
Генералниот секратар на ООН, Бан Ки Мун изјави дека нема ништо посрамотно од напад на деца кои спијат. Оваа вест ги предизвика и солзите на портпаролот на ООН кој пред камерата на Ал Џезаира не успеа да се воздржи да не заплаче.
Светозар Малинов европратеник од Бугарија во интервју за НОВА зборува за “Јужниот тек” и сите контроверзи на овoј проект кои се рефлектираат на политичката сцена во Бугарија како и на нејзините односи со ЕУ. Во интервјуто Малинов зборува и за блокадата на македонските евроинтеграции
Ал Џезеира сторија за ужасот на војната: Звукот на виолина им помага да преживеат. Кога звукот на бомбите станува прегласен, Дана Ал-Саед ја зема виолината и почнува да свири
Санкциите засегаат голем број банки, меѓу кои трите најголеми во Русија: Банката на Москва, Руската земјоделска банка, како и Обединетата бродоградежна корпорација на Русија
Ако никогаш не сте виделе политичар како јаде сендвич со салама, тоа е веројатно затоа што не ни има такви. Таква сцена минатата недела беше реалност во Вашингтон, каде што тројца политичари го прифатија предизвикот да живеат една недела со минимална плата, според која во САД за седум дена изнесува 77 долари. Тројцата политичари по завршувањето на неделата изјавиле дека предизвикот бил навистина тежок
Овие лица ја сносат одговорноста за кампањата на прогон, насочена против Србите, Ромите и другите малцинства на Косово, но и кон други косовски Албанци кои тие ги етикетирале или како соработници на Србите или, што бил почест случај, едноставно како политички противници на раководството на ОВК
Организирањето и транспортот го вршеле од повеќе места од Струмица, Виница и од Радовиш , при што на истите ми ветувале дека ке добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума
Судот пресуди дека Варшава е виновна за соучество во нехуман и деградирачки третман, арбитрарно држење во затвор, нарушување на правото за приватен и семеен живот и нарушување на процедуралните права на двајцата луѓе. Ова е втора пресуда од овој вид. Првата беше осуда на Македонија за случајот ел Масри.
Русија и Кина ги интензивираат односите со Куба. Повеќе не е актуелно социјалистичкото „братство“. Сега се работи првенствено за инвестиции. За Кубанците тоа не менува многу
Шефот на канцеларијата на поранешните изданија на ВАЦ во Брисел, Кнут Прис во интервју за НОВА зборува за неуспехот на ВАЦ на Балканот, за перпецепцијата на германските медиуми за Македонија и ангажманот на Германија во процесот на проширувањето
За и против на хонорарците да им се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигуривање. Кристина Озимец, новинар и Џеал Хоџиќ, активист ги стротивствауваат ставовите за највониот закон. Дали со тоа ќе бидат отпуштани работниците, ќе им се намалат хонорарите или конечно ќе добијат пристојни примања и достоинствен живот
Авионите полетаа од Харков по церемонијата со која што им се одаде почит на жртвите, а на аеродромот ги дочекаа бројни роднини, како и холандскиот премиер Марк Рут и кралот Вилијем Александер.
