Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кси Џинпинг продолжува на чело на Кина со многу поголема моќ

0
By Нова ТВ on October 26, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 26, 2017 11:29

Ако Владимир Путин е централната фигура на Истокот, а по преземањето на власта во САД, Доналд Трамп стана најмоќната политичка фигура на Запад, претседателот на Кина, Кси Џинпинг со неодамнешното потврдување на своето влијание во Комунистичката партија на Кина, сигурно станува третиот најмоќен лидер со Путин и Трамп.

Џинпинг во средата го објави новото лидерство на партијата, каде што според аналитичарите, нема очигледен негов наследник, со што само ја зацврстил својата моќ и се подготвил за повеќедецениско владеење.

Ако се земе в предвид дека тој раководи со втората, ако не и прва економија во светот, и со една од најсилните војски во светот, Кси Џинпинг сигурно ќе има огромно влијание помеѓу лидерите од светот.

Путин, Трамп, Џинпинг
Путин, Трамп, Џинпинг

Додека Ангела Меркел во Германија, Тереса Меј во Обединетото Кралство, Трамп во САД па дури и Путин во Русија се соочуваат со предизвици од своите политички противници, Џинпинг целата моќа ја има во своите раце и раководството.

Како што рече тој за време на свечена церемонија во Пекинг во средата, под негово раководство, Кина ќе ја зацврстува својата позиција, безбедноста во земјата како и развојот на глобално ниво кој ќе ги штити интересите на Кина.

Моќта на Кси Џинпинг оди до таму што аналитичарите го споредуваат со Мао Це Тунг.

За време на конгресот на Комунистичката партија овој месец, паролата „Мислата на Кси Џинпинг“ речиси влезе како дел од Уставот на Кина, нешто што досега му успеало на Мао Це Тунг и на Денг Ксиаопинг.

Според експертот за политичката состојба во Кина, Френк Чинг, во Кина доаѓала „нова ера“ која ќе се надоврзува на визиите на Мао Це Тунг и Ксиаопинг.

„Мао ја воспостави Народна Република Кина, Денг и донесе богатство а сега Кси ќе донесе моќ“, вели тој.

Владимир Путин Доналд Трамп Кина Кси Џинпинг Мао Це Тунг Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.