Browsing: ВЕСТИ
Одобрувањето на Русија за САД падна во 2014 година. Еднакво како и на Бразил. Кина и Франција ја зголемија нивната наклоност за земјата. Оваа мапа го покажува подемот и падот на почит за САД во целиот свет во последните неколку години, која ја oбјавува магазинот Тајм
Ник Рубин, еден Американец од 16 години, направил апликација за да се демаскираат корумпираните политичари на вашиот екран. Апликацијата се вика Гринхаус. Светот покажува интерес за оваа апликација. Но проблемот е во тоа што во многу земји списокот на донаторите и нивните пари дадени за изборите се недостапни.
Повеќе деценискиот конфликт меѓу Израелците и Палестинците однесе илјадници жртви од страната на двата народа. Што е во позадината на конфликтот? Како започна и зошто нема решение. НОВА ве носи низ историјата на ова жариште на Блискиот Исток
Повеќето од жртвите од летот МХ17 потекнуваат од оваа земја. Со оглед на непрегледната ситуација во Украина, во Холандија расте гнев и вознемиреност, оти не се знае што се случува со мртвите, се вели во репортажата на Дојче веле
Со цел да се одбележи 22 јули како ден посветен на жртвите на дела од омраза – акција на Советот на Европа, оваа недела (20 јули) беше организиран настан во Градскиот парк насловен ,,Турлитава‘‘. Граѓаните можеа да пробаат вкусни јадења речиси од сите кујни на етничките заедници во Република Македонија
Во почетокот на деведесетите години во Австрија либералната јавност и медиумите се судрија отворено со ектремната десница на Јорг Хајдер. Австрискиот суд го поддржа Хајдер. но судот во Стразбург застана зад новинарите, по што се промени судската пракса во Австрија во однос на говорот на омраза
-САД го поддржуваат правото на Израел да се брани од непријателски проектили, но истовремено сме многу загрижени од растечкиот број невини жртви и натамошна ескалација на конфликтот во Газа, рекол Обама, откако еврејската држава доцна во четвртокот започна копнена офанзива против групата Хамас
Според очевидци во небото до него имало друг, борбен авион. Дали тој пукал на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ сепак останува нејасно
Петар Шилегов, портпарол на СДСМ во интервју за НОВА: Кои се плановите на СДСМ за Шиповиќ, зошто СДСМ со бојкотот дозволи ВМРО- ДПМНЕ да ги изгласа во Центар ДУП-овите, став за Солза Грчева и Љубица Буралиева и шпекулациите дека во септември се враќаат во Собрание
Истрагата за падот на малезискиот авион се уште не е започната, зашто не е постигнат договор со бунтовниците за безбедносната зона. Киев јавува дека сепаратистите ги уништуваат доказите, додека пак бунтовниците велат дека украинската влада не сака објективна истрага
Градоначалникот на Струга, Зијадин Села во интервју за НОВА: Не е само Монструм причината за протести, зошто вели дека се дел од албанскиот народ во регионот, но се чувствуваат отфрлени од Македонија, за неговиот став дека Албанците треба да чуваат оружје дома, зашто оваа држава не ги штити, туку ги затвора
Во авионот во кој загинаа 289 патници, бил Јуп Ланг, истакнатиот ХИВ истражувач, како и портпаролот на СЗО (Светската здравствена организација) и поранешен новинар на Би-Би-Си, Британецот Глен Томас
