Browsing: ВЕСТИ

Затоа се градат фабрики. Затоа се градат болници и училишта. Затоа се отвораат нови работни места. Помина политиката кога го меревте политичарот колку убави зборови ви кажал. Денес политиката се мери со бројот на нови работни места

За зградата на улицата „Михаил Чаков“, за која се алармираше дека има гласачи на непостоечки адреси, граѓаните зачудено коментираа дека од зграда со три влеза се претворила во имагинарна зграда со шест влеза, во која се регистрирани гласачи кои никогаш не ги виделе, соопштува СДСМ

Додека овие се на власт, нема ни да има попис, зошто “реформаторот“ тешко дека ќе се извади од ситуацијата кога ќе се прикаже дека младите му се иселени од државата. Ќе се покаже на виделина неговата реформаторска неспособност, изјави Пендаровски

Амбиентот во државата е дека граѓаните сакаат промени. Не треба заканите и притисоците да ни го скрати правото на избор, им порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на жителите на општините Аеродром и Кисела Вода.

Направете вистинска одлука и на 27-ми април дајте го вашиот глас. На 27-ми април, поттикнете ги сите што не излегоа, во недела да излезат и да гласаат. Да гласаат за себе, за своите семејства, за своите деца. Да гласаат за иднината на Македонија.

Дебата на Бранко Героски, новинар и Петар Арсовски, ПР стратег: Кои треба да бидат следните потези на СДСМ, кои се причините за водството на Иванов над Пендаровски, зошто воопшто се согласиле СДСМ за избори ако предупредуваа за нерегуларности и злоупотреби?

Инволвираните во случајот се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото и во консултација со надлежниот Јавниот обвинител, против него ќе биде процесуирана пријава за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“, соопштува МВР

Со последната прогноза за претседателските избори се покажа дека нашата методологија, која досега беше репер, потребно e да се корегира. Со корегирана методологија веќе спроведуваме ново истражување кое, како што најавивме, ќе ги прогнозира резултатите за вториот круг

Ваквата одлука, на местото каде што беше искршена гласачката кутија, ДИК ја донесе со образложение дека резултатите од тоа избирачко место не одлучуваат за вкупните резултати од претседателските избори кои се одржаа на 13. април

Австрискиот весник „Ди пресе“ под наслов: „Македонија: каде се бројат и мртвите души“, констатира дека „изборната увертира им успеа на македонските властодршци“ и оценува: „Победникот на изборите Ѓорге Иванов се потпира врз спорен избирачки список