Browsing: ВЕСТИ

Судот не му дозволол на високиот претставник на ООН за медиуми Френк Ла Ру да го посети новинарот Кежаровски во притвор. Ла Ру се појави и во судот на рочиштето Мијалков против Фокус и истакна дека новинарите не можат да бидат тужени за изјави на трети лица.

Професорот и режисер Владимир Милчин во интервју за НОВА: Зошто Ставревски повеќе од две години не се појавува на суд, за политичките пресметки и лустрацијата, за молкот на т.н интелектуалци

Полицијата го уапси човекот кој што повеќе од пет часа гледаше во портретот на Кемал Ататурк, основачот на модерната турска држава

Шокантни снимки од црниот рид составен од жгура кој налик на вулканска маса се издига над селото Возарци. Сведоштва на жители од селото кои за првпат јавно проговорија за последиците од прашината која ја испушта Фени.

Професор Мирослав Грчев, како критичар на проектот Скопје 2014 и критичар на актуелната власт, вели дека целото градење во центарот на главниот град се врши по наредба од една соба, како и дека целиот проект претставува една голема пералница на пари.

Фени се оградува од обвинувањата на граѓаните на Кавадарци, градоначалникот не чувствува за потребно дека треба да и објасни на јавноста што се случува, има ли загадување, какви мерки превезема за да ги заштити

По протестите пред општина Центар против наводното уривање на неизградената црква во центарот на Скопје, д-р Донка Барџиева предупредува: додека се градат нови цркви, вредните средновековни икони фрески и цркви пропаѓаат заради негрижа на државата

Откако турскиот премиер Ердоган вчера ги предупреди демонстрантите кои го окупираа централниот парк Гези во Истанбул, дека треба да го напуштат пред митингот на владеачката партија, закажан за денеска, полицијата на Таксим влезе со булдожери