Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ митинзите ќе ги започне од Охрид, а СДСМ од Битола

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 25, 2017 13:20

Од ноќеска на полноќ започна изборната кампања за локалните избори кои треба да се одржат на 15. октомври. Партиите веќе ги најаавија митинзите и средбите со граѓани. Владејачката СДСМ, првиот митинг денеска во 18 часот ќе го одржи во Новаци. По ова, партијата ќе ги претстави кандидатите за Могила, Демир Хисар, Ресен, а централниот митинг на кој партијата ги претстави сите кандидати ќе се одржи во Битола.

Како што информираат од партијата, на централниот митинг ќе се обрати и претседателот на партијата Зоран Заев. СДСМ на локалните избори ќе настапи со слоганот „Живот за сите“.

Последните митинзи на СДСМ на 13. октомври ќе се одржат во Дебрца, Вевчани, Струга и Охрид, а завршниот централен митинг ќе биде во Скопје на 8 октомври.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со митинзите традиционално ќе започне од Охрид. Денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне во 19 часот, а пред симпатизерите ќе зборува и претседателот на партијата Никола Груевски. Мото на овие избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде слоганот „Нова ера“.

Караванот на митинзи, ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши со централен митинг во Скопје на 13.октомври.

Демократската Унија за Интеграција митинзите ќе ги започне од општините Долнени и Пласница. Пред жителите на овие општини ќе се обрати и претседателот на партијата Али Ахмети.  На овие избори, ДУИ ќе настапи со слоганот „Заедно за општината која ја сакаме“.

Од ноќеска на полноќ започна изборната кампања за локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР изборите ќе ги следи со 20 долгорочни набљудувачи, 16 експерти се дел од тимот, а непосредно пред изборите се очекува да пристигнат околу 300 краткорочни набљудувачи. Од асоцијацијата МОСТ ќе го набљудуваат процесот со 80 долгорочни набљудувачи и 2000 краткорочни на денот на изборите кои ќе бидат распоредени во секоја општина. Цивил процесот ќе го следат со 106 акредитирани набљудувачи, но се надеваат на поддршката од неколку стотици соработници, кои како што велат, со години наназад внимателно ја следат целата ситуација.

ВМРО-ДПМНЕ За живот за сите изборна кампања митинзи Нова ера СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.