Browsing: ВЕСТИ
Во Турција веќе имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите. Турската полиција употреби солзавец и водени топови за да ги спречи демонстрантите да пристигнат на плоштадот Таксим бидејќи властите забранија митинзи за Први мај.Aктивистите се заканија дека нема да ги почитуваат владините забрани за демонстрации.
Во интервју за НОВА шефот на мисијата на ОБСЕ ги образложува забелешките на ОБСЕ во однос на изборниот процес, улогата на медиумите во известувањето, разликата во трошењето за кампањите, како и прашањето за Пустец
Во Белгија и во Франција насеманите лица на кандидатите за пратеници не можат да се видат насекаде туку само на определени места кои ги одредува општината. Забранета е и секаква платена политичка пропаганда на радио, ТВ, интернет или во кино како и написи во весниците кои се на било кој начин платени од партиите.
Проф. Мирјана Најчевска и Александар Чомовски, новинар: Дали Заев требаше да не се согласи воопшто да оди на избори или мораше да чека да ги документира аргументите, има ли шанси за техничка влада и дали Груевски би се согласил на таков компромис?
На ФБ денeска се појави пост со грчка песна од 1945 која фрапатно потсетува на нашата “Кажи зошто ме остави” . Дали Шпато препишал од Грците или..!? Во прилог на дилемата видете го и многунаградуваниот документарец „Чија е таа песна!“
За дебатите се утврдени правила за времето за зборување и реплицирање како и тоа дали се седи или стои, кој и кога со кого ќе се ракува итн. Важно прашање на овие дебати, а важно и за првиот човек на идната ЕК, е неговото/нејзиното познавање на јазици така што секој/а кандидат/ка ќе се обиде да покаже колку јазици знае.
Новинарот и аналитичар Сашо Орданоски за изборниот пресврт- ВМРО-ДПМНЕ е убедлив на изборите, а опозицијата не го признава изборниот процес. Што добија граѓаните со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ? Орданоски: популизам, национализам, на ниво на презир кон Албанците
Со развиорени знамиња и со прослава на градскиот плоштад и низ улиците на Охрид, ВМРО ДПМНЕ прослави и прогласи победа и во Охрид. Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов рече дека Охрид е ВМРО-вски град
Според овие резултати распоредот на мандати во парламентот бил бил следен: 60 пратеници за ВМРО – ДПМНЕ плус 3 од дијаспората, СДСМ би добила 34, ДУИ 18, ДПА 7 и НДП 1 пратеник
Пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица и низ градските улици во Тетово и во околните населени места,членови и симпатизреи на ДУИ ја слават победата на оваа партија на вонредните парламентарни избори
Според сите сознанија ДПА ќе има 8 или 9 пратеници кои ќе бидат доволни за да ги продолжуваме разговорите за влез во владата, рече Тачи
„Таковината е во сигурни раце Никола Груевски останува премиер, Ѓорѓе Иванов останува претседател“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи убедлива победа на предвремените парламентарни избори во скоро сите изборни единици
