Browsing: ВЕСТИ
Власта ги дели своите граѓани по сите основи, па и по тоа кој ќе има вода за пиење, а кој не. Држава којашто прави разлика меѓу своите граѓани е лоша држава. Оваа власт создаде две категории граѓани, членови на ВМРО – ДПМНЕ и на сите останати, рече Пендаровски
Младински образовен форум во сорабока со НДИ (Нaционален демократски институт) и Фондација Метаморфозис организира друштвено гледање и коментирање на дебатата помеѓу кандидатите за Претседател на Република Македонија, во 7 градови во државата.
Ние не бараме пратенички места за да маргинализираме некого во Собранието на Република Македонија, ние бараме мандат за подобро образование, подобро здраство, мандати за отворање на нови работни места , бидејќи тоа е нашата земја, рече Ахмети
Ноќта, помеѓу (08-09 април 2014) од страна на непознат сторител е демолиран штабот на Граѓанската опција за Македонија, кој се наоѓа во Карпош 3, ТЦ ,,Техника’’
Најмногу граѓаните ги почитуваат политичарите кога се чесни. Ние покажавме дека сме чесни. Покажавме дека имаме чист образ, да дојдеме и повторно да ја бараме од вас довербата. Сплотени и единствени, со една цел: „Успешна и просперитетна Македонија“, рече синоќа Иванов
„Задоволен сум од мојата кандидатура и сум излегол во пресрет на многу барања на граѓаните, организациите и институциите. Бојкотот на ДУИ никој не го поддржува, напротив, тоа го осудија и САД и Советот на Европа” – рече Илјаз Халими
„Република Македонија може и мора да се менува. Стево е човекот со кој ќе се гордееме кога ќе кажеме дека тој е нашиот претседател“, им вети Шекеринска на граѓаните на Битола
Остваривме многу иницијативи и спроведовме многу конкретни мерки. Така се работи за Македонија. Со љубов и посветеност сме посветени на Македонија.
Сите граѓани на Македонија треба целосно да бидат вклучени во општеството, не да се говори за вашите проблеми само на одбележувањето на овој ден, порача претседателскиот кандидат Пендаровски.
Со амбасадорот Волерс беше разменето мислењето за состојбата на медиумите и критериумите по кои партиите се присутни во медиумите за време на изборната кампања.
Кандидатот за претседател на ГРОМ, проф. д-р Зоран Поповски, со граѓаните на скопските села Кондово, Долно Свиларе, Рашче и Шишево разговарал за “чувствителното прашање за сиромаштијата и невработеноста кои се најголемиот проблем на граѓаните”.
Дури 506.491 евра го чинела кампањата досега кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, со што на неговата сметка има минус од 273.866 евра. Пендаровски од СДСМ потрошил 90.246 евра, Поповски 8.130 евра а Халими ни еден денар.