Browsing: ВЕСТИ

Одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против аутизмот се прави по седми пат откако во 2007 Генералното собрание на Обединетите Нации ја усвои резолуцијата за одбележување на овој ден, темата на меѓународниот ден на аутизмот е „Разбирање и прифаќање на лицата со аутизам“

Мојот став е следниот: никој нема право за такво витално прашање да оди на какви било преговори ако не направи претходно државен став што бараме таму и до каде треба да одиме. Можеме ли со консензус да се договориме сакаме ли во ЕУ и НАТО? АКо не сакаме, со државен консенсуз да кажеме – народе нема да одиме од тие и тие прични затоа што цената е превисока.

„Ве уверувам дека промените ќе дојдат. Сите, без разлика на вера и нација, го чувствуваме тоа и веруваме дека Македонија ќе го фати вистинскиот пат со нова Влада и нов политички концепт. Подготвен сум да ја превземам одговорноста како иден премиер заедно да ги направиме потребните промени“ рече Заев.

Денес сум повторно меѓу Вас, со нова програма. Да ја побарам повторно од Вас довербата за следните пет години. Доверба за да бидам Ваш Претседател. Претседател на граѓаните на Република Македонија, вели Иванов.

Пред пет години ја добив Вашата доверба. Ја добив довербата на основа на програмата која Ви ја понудив. Денес сум тука да Ви кажам дека целата програма е реализирана, и повеќе од тоа. За тоа поднесов отчет. Велат дека е тоа првиот отчет на еден претседател во Република Македонија.

„Слобода и еднаквост. Сите да сме еднакви, без разлика на која партија си член или воопшто не си член. За спроведување на овие принципи зборувам кога велам дека промени ни се нужни. Имаме шанса тие промени да ги најавиме на 13-ти април“ рече Пендаровски.

Во Општинската организација на СДСМ во Прилеп велат дека синоќешниот вандализам е кулминација на нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикана од средбите кои Заев и Шекеринска во саботата ги имаа со граѓаните на Општина Прилеп.

Од таму најавуваат целосен мораториум по одржаната внатрепартиска дебата бидејки централата во Тетово не го послушала ставот на струшкиот огранок кој беше незадоволен од листата за пратеници и носителот на истата Зија Јонузи

Властите на Малезија обвјавија транскрипт од разговорот помеѓу контролната кула и пилотот на малезискиот Боинг 777 за кој и понатаму се води истрага; Според транскриптот, последните зборови кои ги размениле се „Добра ноќ“

„За да ни тргне работата во оваа наша Македонија ни требаат промени. Затоа понудивме нови лица, нов концепт и целосно нова политичка понуда. Што било досега било, доста е. Време е за нови политики, време е за промени за да одиме напред“ рече Заев во Градско