Browsing: ВЕСТИ

“Ова што се случува во Украина не е револуција, не е конфликт, не е граѓанска војна. Ова е војна на Јанукович против неговиот народ”, рече пејачката Руслана во Брисел додавајќи дека денес оди во Киев каде ќе почне штрајк со глад доколку ЕУ не воведе санкции.

Лилјана Георгиевска и Зоран Петрушевиќ, стечајци: За полициското тепање со клоци и тупаници, бараат одговор од надлежните, за тоа дека има пари за панорамско тркало и барок, но не и за нив, зар немаме право на живот, велат, најавуваат социјални немири поголеми од Босна и Украина

Според последното истражување, 79% од студентите никогаш не гласале на студентски избори. За 51% членувањето во студентска организација е можност за запознавање нови луѓе. Најголемите лоцирани проблеми се носењето одлуки без консултации со студентите кои ги претставуваат

Извештајот што го изработи Комисијата на ОН, креирана во мај 2013 година во Женева, вели дека “стотици илјади политички затвореници умреле во логори во последните 50 години”. Тие се елиминирани преку намерно спроведени гладувања, присилна работа, егзекуции, торура, насилни абортуси и убивање на деца

Во својата партија, најавувајќи ги реформите, Ренци рече дека Италија мора да “смени и хоризонт и ритам” и да излезе од “мочуриштето” без да даде детали за тоа каде ќе најде пари за оживување на економијата, ублажување на даночниот товар врз претпријатијата и ниту пак за борбата против невработеноста.

Европската комисија одлучи да ги суспендира преговорите за учество на Швајцарија во Европската истражувачка програма Хоризонт 2020 во Еразмус програмата за студентска размена откако Берн одлучи да не го потпише Протоколот кон Спогодбата за слободно движење на лица

Прв е на светската ранг листа до 21 година, освои бронзен медал на Светското првенство за јуниори, а неодамна стана Европски првак на првенството за кадети во Португалија; во интервју за НОВА вели ќе работи за да биде голем спортист

Заедничкото барање е смена на Владите, укинување на финансирањето на политичките партии од буџетот, ревизија на приватизацијата, утврдување на потекло на имотот, усвојување на закон за одземање на незаконски стекнатите имоти во Федерацијата БиХ, укинување на паушалите и бенефициите за политичарите