„ХДЗ лопови“! Ова дофрлување до премиерот на Хрватска, Андреја Пленковиќ, беше доволно 18 годишно момче од Пореч да заработи прекрочна пријава и да добие покана од суд.

Ова се случило во текот на вчерашната посета на Пленковиќ на Истра, а по излегувањето од градското собрание во Пореч, каде се сретнал со градоначалникот.

Иако полицајците на лице место го предупредиле момчето да биде потивко, два часа по инцидентот, тој на работното место добил покана за на суд поради прекршување на јавниот ред и мир.

Премиерот Пленковиќ денеска изјави дека прекршочната пријава и судската покана се оправдани.

„Законот мора да се почитува“, кратко прокоментира хрватскиот премиер пред новинарите на денешната прес конференција.