Browsing: ВЕСТИ
Денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Пораката од Обединетите нации е дека мора да се инвестира во обновливи извори на енергија, во реновирање на градовите и да се почне со решавање на климатската криза
Во попладневните часови на денешниот ден, носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за ИЕ 6, Никола Попоски ги посети населените места во Општина Брвеница
Демолиран е локалниот штаб на ДУИ во прилепското село Канатларци каде партијата на Али Ахмети за прв пат излегува со пратенички кандидати. Неџати Јакупи, изјави дека штабот на неговата партија ќе продолжи да функционира, иако тој е речиси целосно искршен
Денеска, во нашата земја за жал нема ни слобода, ни еднаквост, ни правда. Ние, граѓаните на Република Македонија не ги уживаме своите права загарантирани со Уставот, рече претседателотна СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на Кратово
На 27 април, ги имаме едни од најважните избори. Најважните избори за Република Македонија. Од тие избори ќе зависи како ќе изгледа Македонија во иднина. Од тие избори ќе зависи каква Македонија ќе оставиме на нашите деца, рече Иванов
За да биде подобро, мора нешто да промениме. Потребни ни се промени за да ги задржиме младите во Македонија, за да се вреднува трудот на земјоделецот и на работникот, посочи Шекеринска
Откако бремената новинарка Стела Дубовитскаја му постави прашање поврзано за руските санкции кон Украина, Жириновски ги изгуби живците, почна силно да вика, а потоа обраќајќи се кон своите соработници извика: „Силувајте ја жестоко“.
Не чекавме некој друг да работи за нас. Не чекавме друг да ни кажува што е приоритет, за граѓаните на Македонија. Не баравме одобрување од друг, сето она што го презедовме во овие изминати години. Бидејќи вашиот глас ни ја даде довербата за да работиме за вас, да мислиме за вас, рече Иванов
Еден од клучните столбови е враќањето на средната класа во Република Македонија, она што беше урнисано во изминатите 7 години. Без средна класа, нема напредок. Затоа велиме потребен е нов почеток, рече Спасовски
Заев покажува дека е спремен и да лаже и да манипулира, само и само да се добере до власта. Неговите постапки говорат за него. Граѓаните секој ден се појасно и поубаво можат да ја видат неговата нереална и болна желба за власт, но и неговиот нечовечки лик, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Само за даночно затајување, Никола Груевски направил дело коешто, согласно кривичниот закон на Република Македонија, се санкционира со казна затвор од минимум 4 години. Ќе се повлечеш и ќе признаеш дека си длабоко забразден во криминал или да продолжам да излегувам пред јавноста и да ја покажувам твојата бесконечна игра со кеш?
Овие години слушам многу коментари дека ние уметниците мора по дифолт да сме опозиција, но морам да кажам дека денес за прв пат имаме влада која ги брани интересите на уметниците
