Browsing: ВЕСТИ

Авион на Бритиш Ервејс синоќа со крилото удри во аеродромската зграда во Јоханезбург. Четири лица во зградата се повредени, а 185-те патници во авионот и 17-те членови на екипажот поминале неповредени

Каков е третманот на луѓето со Дсиндром во државата, со какви проблеми се соочуваат, зошто се уште родителите се соочуваат со стигма од околината. На оваа тема разговараме со Ида Мантон и Мимоза Петреска, од здружението „Центар за даунов синдром“, и мајки на деца со Даунов синдром

Американскиот претседател Барак Обама изјави вчера дека се уште не одлучил како да ја заузда НСА после откритието од големи размери за прислушкување. На годишната прес-конференција пред новинарите тој истакна сега не е момент за воведување на сакции за Техеран. За Обамакер – ја оплескавме

– Не оцрнуваме и не браниме ни власт ни опозиција…сакаме сите тие да преземат конкретни мерки…да се пресече за некои ситуации и да се намали употребата на возила преку дестимулациони мерки за возачите, и стимулациони мерки за пешачење, вели за НОВА, Никола Нешкоски од ЕКО ЛОГИК

Компанијата „Нетфликс“ го објави краткиот исечок за новиот документарец за претседателскиот кандидат на САД од редовите на Републиканците во 2012, Мит Ромни, насловен „МИТ“, кој нуди директен увид во неуспешната кампања

Скопје претпладнево е обвиткана во магла, сообраќајот се одвива непречено но, забавено, градскиот сообраќај се одвива со задоцнување. Граѓаните секојдневно бараат од надлежните институции да преземат конкретни мерки

Британскиот криминалец Рони Бигз, кој славата ја стекна како учесник во Големата кражба во воз во 1963 година, почина во 84-тата година од животот во својот дом во Лондон. Бигз беше член на бандата која скокна во возот Глазгов – Лондон, од каде беа украдени 2,6 милиони фунти

Дали одлуката на Владата за увоз на стари возила се враќа како бумеранг, до кога ќе се толерираат големите загадувачи, има ли доволно средства за животна средина, ќе покажат ли доблест политичарите да ги остават возилата и на работа да доаѓаат пешки како пример за останатите граѓани, разговараме со Лиле Поповска претседателка на ДОМ.