Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје за Суперкупот: МВР на готовс, „Телеком арена“ во три обрачи

0
By Нова ТВ on July 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 22, 2017 08:25

Скопје ќе биде под полициска опсада за претстојниот фудбалски спектакл наречен Суперкуп на УЕФА на 8 август на „Телеком арена“. Надлежните државни институции одржуваат постојана комуникација со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) како логистичка поддршка на централата во Нион во чија организација е пресметката на Реал Мадрид, освојувач на Лигата на шампиони, и Манчестер јунајтед, освојувач на Лига Европа, за првиот трофеј во новата сезона.

Нова ТВ дојде до ексклузивни информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) за улогата на формираното координативно тело и содржината на обемниот оперативен план со безбедносни мерки и активности што е изготвен и по кој ќе се постапува. Целта кон меѓународниот фактор е недвосмилено јасна. Настанот на годината во нашата земја да мине во најдобар ред, без проблеми и несакани ситуации и ништо да не биде препуштено на случајот и да изненади како препорака за одобрување и на идни кандидатури. Во однос на домашниот, намерата е создавање на сите предуслови за надвладување на спортското над неспортското, да надвладее фудбалскиот дух и позитивната навивачка енергија и страст и Македонија да се прикаже како гостопримлива земја, но и како земја која има капацитет за организација на така голем и престижен натпревар.

За безбедноста ќе бидат ангажирани 2.000 полициски службеници 

За безбедноста на Суперкупот ќе бидат ангажирани околу 2.000 полициски службеници. Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат распоредени на граничните премини за прифаќање и придружба на навивачите на двата клуба до Скопје. На посреќните од нив ќе им бидат доверени, стотици милиони евра, вредните ѕвезди на „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ како одлична непосредна можност за селфи со некој идол од ростерите на Зинедин Зидан и Жозе Мурињо или автограм или, пак, сувенир за спомен од убавата прилика. Работното место за дел ќе биде околу стадионот во т.н. „обрачи“.

Планот предвидува три такви околу Националната арена. Последниот околу самиот стадион ќе биде инсталиран на три дена до почетокот на натпреварот и низ него нема да може да влегуваат цивили.

До „Телеком арена“ ќе има девет влеза за навивачите и сите оние кои имаа среќа да бидат извлечени на лотаријата што ја организира УЕФА. Два дена пред мечот е планирано детално „тресење“ на целиот стадион и неговата околина од антитерористички единици.

Плоштадот „Филип Втори“ како шпанска зона, платото пред Мајка Тереза ќе биде англиска

Одредени се и локации како фан зони на армиите навивачи што се најавени од Пиринеите и од Островот. За симпатизерите на Реал Мадрид е резервиран плоштадот „Филип Втори“ преку Камениот Мост, а навивачите на Јунајтед го добија платото кај спомен куќата на Мајка Тереза, на улица „Македонија“ како своја територија за загревање. Меѓу нив, на централниот плоштад во главниот град, ќе биде ставен на располагање за неутралните вљубеници чија желба е уживање во одлична фудбалска претстава.

На трите места ќе бидат поставени шанкови за пиво и мезе, но и билетари во кои ќе се врши замената на ваучери со купени карти. На двата клуба, според прописите, се поделени по 5.000 влезници иако, според досегашни информации со кои располага МВР, поголем број навивачи ќе има премиерлигашот.

Полициска придружба за навивачите од граничните премини и скопскиот аеродром

Дел од нив ќе пристигнат со чартер летови, дел ќе допатуваат со организиран превоз од градови во најблиското опкружување како Софија, Приштина, потоа од Србија и од Албанија. Сите што ќе пристигнат во главниот град преку скопскиот аеродром ќе имаат идентичен третман како и нивните колеги што ќе влезат преку граничните премини – полициска придружба до фан зоните како транзитна дестинација до конечната „Телеком арена“.

Во МВР засега нема пристигнато досие од УЕФА за проблематични навивачи, поточно, хулигани кои се регистрирани во матичните полиции во Манчестер и во Мадрид. Македонската полиција, сепак, очекува околу 28 јули да добие конечен список со имиња и презимиња на сите фанови што ќе дојдат во Скопје.

Манчестер јунајтед во „ТЦЦ Плаза“, Реал Мадрид во „Александар Палас“

Суперкуп актерите ќе пристигнат во Скопје на 7 авгист, на ден пред натпреварот, и ќе имаат по еден тренинг на Националната арена за почувствување на нејзината подлога. Ѕвездите на Манчестер јунајтед ќе бидат сместени во хотелот „ТЦЦ Плаза“, на Реал Мадрид ќе отседнат во хотелот „Александар Палас“ и ќе имаат 24 часовно обезбедување.

Од Манчестер и од Мадрид се слетаат по два авиона. Освен со „црвените ѓаволи“, оттаму доаѓа и авион со нивните семејства, а вториот лет од Шпанија е резервиран за спонзорите на „кралскиот“ клуб. Засега нема најава за доаѓање и на државници од двете земји, но МВР, сепак, остава резерва по ова прашање и од таму нагласуваат дека дојдат за тоа би биле информирани во последните денови пред Суперкупот.

Ова не е прв меѓународен натпревар во Македонија, но е прв во кој играат два тима од странство и тоа од самата елита во светот. Досега немало инциденти на вакви натпревари и од МВР се надеваат дека и претстојниот ќе помине во најдобар ред.

Манчестер Ј. МВР Организација Реал М. Суперкуп УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.