Browsing: ВЕСТИ

Пред партиското седиште на ДУИ во Мала Речица и низ градските улици во Тетово и во околните населени места,членови и симпатизреи на ДУИ ја слават победата на оваа партија на вонредните парламентарни избори

„Таковината е во сигурни раце Никола Груевски останува премиер, Ѓорѓе Иванов останува претседател“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи убедлива победа на предвремените парламентарни избори во скоро сите изборни единици

Сакам, исто така, да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес, изјави лидерот на ГРОМ

Според ДИК од досега преброените 61% од гласовите на предвремените парламентарни избори 42,29% од гласовите освоила коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека за опозиционата СДСМ гласале 22,93% од гласачите

Конечните резултати соопштени од Огранокот на ДУИ во Гостивар, ја потврдуваат убедливата победа на оваа партија во Гостивар. ДУИ освоил 12.503 гласови, ДПА – 4.479 и НДП – 6.159 гласови

Садије Илјази од ДПА беше првата,од албанската опозициска партија, што излезе пред јавноста после завршувањето на денешниот изборен процес.Таа нагласи дека изборите биле проследени со многу неправилности и дека тие очекуваат добар резултат

Се уште е рано да се дадат било какви резултатите, но првичните информации зборуваат дека сме во предност над ДПА, во сооднос 3 со 1. Очекуваме конкретни резултати во текот на ноќта каде за резултатите ќе се обрати и лидерот Али Ахмети, истакна Бујар Османи

Во изјава за медиумите Османи соопшти дека на највисокиот орган на партијата ке и биде предложена одлука, овие избори да не ги признае. Тој најави дека ке се обратат и до Советот на Европа да не ги признае овие избори во Македонија