Browsing: ВЕСТИ

Мерките за штедење во Велика Британија не го заобиколија ни кралското семејство. Како и секое друго домаќинство, сега во Бекингемската палата треба да се изгаснат светлата кога ќе одат надвор од собите. Сторија на Ал Џазеира

Младински образовен форум (МОФ) и Метаморфозис ви ја најавуваат деветата конференција е-Општество „Млади и медиуми“ ќе се одржи на 7 и 8 февруари 2014 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија

Американскиот претседател Барак Обама на своето годишно обраќање ги објави како што ги нарекува “конкретните и практични предлози” за да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Обама сака 2014-та да биде година на акција

Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски во интервју за НОВА објаснува кои биле обврските на пратеничката Силвана Бонева за пријавувањето на имотот на нејзините деца. Адресите на личните карти укажуваат иста адреса на живеење со неа. Дали се семејна заедница?

Минијатурниот истражувач, познат како „Зајакот од жад“ на половина пат од тримесечната мисија да ја проучи кората на Месечината, претрпел дефект, објавија државните медиуми на Кина

Ако на пример кај Сименс постојат информаици кои се корисни за националните интереси на САД, но немаат врска со националната безбедност, тие сепак ги собираат тие информации“, вели Сноуден

Организациониот одбор на протестите „СТОП на канцерогеното загадување на Тетово“ утре во 11:55 часот ќе го блокира патот кај кружниот тек на влезот на Тетово изразувајќи револт на мирен начин поради неисполнување на нивните барања од Владатa

Како се одлеваат македонски пари на овие дестинации и кои се инвеститорите од овие егзотични места во Македонија? Петар Гошев поранешен гувернер на НБМ и новинарката Ида Протугер ги коментираат информациите на НОВА за тоа кои Македонци отвораат фирми и сметки во даночните раеви

Во телефонски разговор за НОВА, Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ зборува за обвинувањата на опозицијата за нејзиниот имот пријавен во Анкетниот лист, и становите на нејзините синови. Вели нема обврска да даде отчет за становите на децата