Околу 5. 000 фирми ризикуваат да бидат казнети или затворени

Управата за јавни приходи по истекот на рокот информира дека околу 5.000 фирми не набавиле фискална каса со ГПРС-уред. Освен парични казни, според УЈП може да следува и затворање на фирмата затоа што во законскиот рок, до пред два дена, не купиле нова фискална каса

АНАЛИЗА: Казни – како воспитна мерка или за полнење на буџет?

Нови казни за негеристрираните мајстори, електричари, двојно повисоки казни во сообраќај, казни за непоседување на резервна фисклана каса, казни за наставниците по основ ан екстерно тестирање, казни з адокоторите ако одбијат обука во странство а најавени се и казни ако доцнат на преглед. Новите законски измени за заострување на казнените политики преку значајно зголемување на казните, но и воведување на нови, предизвикаа сериозни реакции во јавноста

ОНЕ и Вип се спојуваат

Групацијата Телеком Австрија објави дека е договорено спојување на нејзината подружница Вип оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Република Македонија

К-15 добиле само една третина од вработените

Во приватниот сектор каде што се ангажирани околу 400.000 лица, досега К-15 добиле едвај една третина. Некои се надеваат дека до крајот на годинава ќе им биде исплатен регресот, а некои, пак, воопшто не очекуваат дека работодавецот ќе издвои средства за таа намена

Макстил подигна 24,5 милиони евра кредит

Компанијата „Макстил“, за која постои реалнa можност да биде затворена доколку до 31 октомври не ги исполни условите за добивање А интегрирана дозвола, земала кредит од Стопанска банка Скопје во износ од 24,5 милиони евра

400 милиони долари од Светска банка во наредните четири години

Во наредните четири години Македонија ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнувње повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството