Browsing: ЕКОНОМИЈА

По исплатата на регресот за годишен одмор или К-15, се чини оти се задоволни сите, освен работниците, за кои нели и беше наменет. Дел од нив сведочат дека биле принудени од работодавците да им ги вратат парите ако сакаат да го задржат работното место. Или, како што вели народната, и волкот сит и овците на број

Преку серија активности, во наредните три месеци одбележувањето на 20-от роденден ќе биде проследено преку серија активности, меѓу кои примарно место ќе заземе промовирањето на сервисот Унет веб дизајн, како и реализација на проектот за инвестирање во заедницата

Иако земјоделците велат дека сеуште не може да се направи проценка на штетите во земјоделството, првичните наодите упатуваат на тоа дека само во најголемата житница во земјава, Пелагонија, е направена штета од 10 милиони евра

Благодарение на својот иновативен дизајн, Samsung Galaxy Note Edge им овозможува на корисниците нов начин за пристап до информациите. Уникатниот заоблен раб на екранот овозможува брз пристап до често користените апликации и функционалности на уредот, со само еднo движење на прстот

Во најдолгиот месец од годината, хонорарците што земаат надомест поголем од 9.590 денари, ќе останат без примања. Од авторската агенција „Берин“ велат дека од ПИОМ добиле известување, во кое се бара од нив да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките

Голем дел од компаниите ја завршиле обврската, но има и такви кои не успеале да ги инсталираат овие уреди. Тие ќе заработат парична казна која се движи до 3.250 евра, а им се заканува и привремено затворање на објектите доколку не ја завршат обврската

Според новите податоци на Народната Банака, лани, заклучно со декември, бројот на блокирани сметки изнесува повеќе од 217 илјади или само за една години тој се зголемил за повеќе од 41 илајда нови блокирани сметки

Марио Драги, првиот човек на Европската централна банка објави дека почнувајќи од март ЕЦБ ќе откупува 50 милијарди евра државни обврзници секој месец до септември 2016 година, со што се очекува во економијата на еврозоната да бидат вбризгани околу 1 илјада милијарди евра нови пари. Или во превод, за да се зголеми инфлацијата ЕЦБ ќе пушти повеќе пари во оптек, а тоа ќе значи многу повеќе и многу поефтини кредити за домаќинствата и компаниите

HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денес објави live streaming од својата нова RE™ camera до YouTube. Сега корисниците можат лесно да го споделат моментот преку поврзување на RE camera со нивниот YouTube канал и испраќање линк за емитување во живо до гледачите низ целиот свет