Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проект „Zero“ за редефинирање на паметните телефони во секој поглед

0
By Нова ТВ on March 19, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 19, 2015 16:20

Со „Project Zero“ компанијата Samsung сакаше да најави дека е време за преиспитување на позицијата и дека е време да се понуди нешто што се враќа на почетната точка, со јасна цел – да го претстави најдоброто од Samsung во еден паметен телефон, нивната „Следна голема работа“ (The next big thing). Резултатите ги оправдаа очекувањата.

Бројните новитети во поглед на изградбата на Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge, како надворешниот изглед така и внатрешните компоненти, дефинитивно ја издвојуваат оваа серија од своите претходници, па и од своите конкуренти на пазарот, што ја потврдува и бројката од рекордни 2 милиона нарачки за само неколку недели.

За почеток, серијата S6 е изработена од стакло и од метал, и тоа се најтенките паметни телефони произведени од Samsung досега. Поседуваат 5.1-инчен QHD Super AMOLED екран, со максимална резуолуција од 557 пиксели. Кон листата на пионерски чекори се додава и 14nm Samsung Exynos 7 окта мобилен процесор со 64-битна платформа, нов PDDR4 мемориски систем и UFS 2.0 флеш меморија, што гарантира подобри перформанси и подобрена брзина на меморијата со помала потрошувачка на енергија. Кон ова се додава и последната Lollipop 5.5 Андроид платформа.

Телефоните поседуваат одлични 16MP задна и 5MP предна камера, со оптички стабилизатор како и опција за автоматско одредување на светлината. Она што е новитет во овие модели е брзината на иницијализирање на камерата од 0,7 секунди, што во споредба со другите паметни телефони е драстично побрзо.

Во низата новитети се додава и технологијата на безжично полнење што овие модели ја промовираат, како и опцијата за брзо полнење, кое на корисникот му овозможува да гледа двочасовно видео за десетминутно полнење.

Љубителите на напредната технологија во Македонија можат да станат сопственици на некој од овие ултрапаметни телефони со едноставна регистрација во кој било од продажните центри на Vip ширум земјата до 31.3.2015 и да добијат подарок – уникатен Accessories kit.

Пристигнувањето на овие паметни телефони во Македонија се очекува во исто време со нивната дистрибуција во Европа, односно по 10 април 2015. Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе бидат по цена од 16.499 денари и 23.499 денари соодветно, во постпејд тарифата Vip Free+ No Limit + за склучен договор на 24 месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.