Browsing: КУЛТУРА

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој ја искорсти можноста на уметниците што ќе бидат дел од фестивалската магија да им посака кога ќе заминат со себе да ги понесат сеќавањата на Охрид како македонско огледало на европската култура.

Македонскиот режисер Оливер Мицевски патува низ Европа со својата најнова претстава „Зимска рамноденица“, работена по текст на познатиот драматург Роланд Шимелфенинг. Ова е еден од најизведуваните драмски автори во Германија и еден од најоригиналните гласови денес, со продукции во над 40 земји во светот. Последната изведба на оваа претстава на Мицевски последне пат се изведе во Кан а следната незјина изведба е во Копенхаген.

Утре, петок на 29 јуни, по 11 часот ќе биде отворена третата по ред скопска кафетерија Coffee Factory на улица Македонија спроти спомен куќата на Мајка Тереза. Овие три локали спаѓаат во категорија на професионални кафетерии.

Саша Богдановиќ, градоначалникот на Општина Центар вели дека во програмата на Општина Центар веќе се предвидени средства за обнова на Железничката зграда, останува уште идејните решенија на архитектите да се достават како проект до општината и сите различни чинители активно да се вклучат во континуирана комуникација и соработка, а посебно станарите чија согласност е клучна со цел да се реализира било кој предлог за реновирање и интервенција на објектот.