Во недела (31 март), во пресрет на празникот на шегата- 1 Април во скопската Зоолошка градина ќе се одржи голем детски маскенбал со почеток во 12часот.

Забавата ќе започне со едукативна еколошка детска претстава „Зеленковци“, а потоа ќе има парада на маски и подароци за секое маскирано дете. Најдобрите маски ќе бидат наградени. Влезот за маскенбалот е 50 денари, колку што е редовната цена на влезница во Зоолошка градина Скопје.