Browsing: КУЛТУРА

Филмот „Исцелител“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески минатата недела освои две значајни награди на два престижни меѓународни филмски фестивала – во Обањ, Франција, беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, а на фестивалот „Франкофилм“ во Рим  доби специјална награда од жирито.