Browsing: КУЛТУРА
Фестивалот „Охридско лето“, како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација во Македонија, изминатите денови беше презентиран пред Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што заседаваше во чешкиот град Острава
Книжевниот првенец на Санта Аргирова, краткиот роман „Портрет од Дрезден“, е веројатно првиот политички трилер во македонската книжевност, но и вистинско четиво кое од нов агол, во една досега непостоечка жанровска традиција, го покажува духот на времето во Македонија
Срѓан Јаниќијевиќ: Утрото кога тргнавме за Франција се случи Куманово. Кога се разбудивме следниот ден во Каен морничаво биеа камбаните за мене и Нела. Ја оставив сопругата дома бремена и можеше да се породи секој момент во земја каде што калашниковот пак почна да „пее”
Во организација на Блесок и СловоКулт, а со поддршка од Гете Институтот и
Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка на 06.06.15, сабота, во 20 часот во кафе-книжарницата Децата од нашата улица (ул. Ленинова, Аминта Трети 29) ќе се одржи промоција на поетската книга од Михаел Кругер „После природата“ која излезе 2012. во издание на Блесок
Премиерата на новата претстава на режисерот Владимир Милчин, „Денес не напишав ни збор“, работена по извадоци од делата на Данил Хармс и „Сонот на разумот“ од Антонио Буеро Ваљехо, ќе се одржи на 11 јуни во Театарот за деца и младинци во Скопје
Програмата на годинашното 14-то издание на Офф-Фест е распоредена во пет богати фестивалски вечери на кои ќе настапат седум музички групи и изведувачи од три светски континенти. Офф-Фест, кој во организација на Скопскиот џез фестивал ќе ги пренесе звуците и магијата на Мали, Мароко, Јужна Кореја, Португалија и Македонија
Почина пејачот и композитор Драган Каранфиловски – Бојс. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка, Верица, која настапуваше во бендот XXL
Филмот е базиран на реални случки од урбаното секојдневие, во кое може да се препознае секој човек. Се работи за двајца пријатели, чиј живот се сведува на забава и на лесен живот. Тие добиваат понуда на брз начин да заработат пари
Поради основано сомнение за „здружено“ гласање, кое е строго забрането со правилникот на Евровизискиот фестивал кој се одржа во Виена, гласовите на Македонија и Црна Гора биле отфрлени од крајниот исход на гласањето во саботата, јави 24 Вести.
На отворениот повик распишан од 17.март до 1.мај оваа година се пријавиле шест проекти, а овогодишен добитник на наградата е истражувачкиот предлог насловен „Kолективното делување како политичка, а не организациска одлука“ на авторите Ивана Васева и Филип Јовановски
Филмот ги слика животот и доживувањата на еден од припадниците на бунтовничкото движење во Шри Ланка, Тамилските тигри, кој се населува во едно од предградијата на Париз
Масевски е еден од основоположниците на македонската забавна музика, а има продуцирано околу 2000 композиции. Автор е на композицијата „Последна солза“ која ја пеела Блага Видец и која се смета за прва забавна песна испеана на македонски јазик
