Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Циклуси“: Ретроспективна изложба на Крунислав Стојановски

0
By Нова ТВ on December 16, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 16, 2015 12:41

Во петок, на 18 декември во 20 часот, во Музејот на град Скопје, македонскиот академски сликар Крунислав Стојановски, кој речиси 30 години живее и работи во Загреб, ќе ја отвори својата прва ретроспективна изложба насловена како „Циклуси“. Со оваа постановка тој одбележува 20 години творечка работа. Авторот за првпат во својот роден град се претставува со најголемиот број дела од неговиот целокупен минат труд. На изложбата ќе бидат претставени слики поделени во осум творечки циклуси.

На изложбата во Скопје, ќе бидат прикажани голем дел од 400 – те слики, кои се донесени од Загреб. Селекцијата ја направија Соња Абаџиева, нашата ценета историчарка по уметност и самиот автор. Сликите се поделени во 8 циклуси, на кои авторот работи во континуитет низ дваесет години. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер.

„Оваа изложба ми е од најголемо значење, затоа што е моја прва голема сликарска постановка во мојот роден град. Ова е ретка можност да се види добар дел од моето творештво, особено сликарскиот сегмент, на кој редовно му се навраќам, и физички и низ своите дела, зошто во сликите лесно се чита македонскиот ген и константната носталгија“, вели авторот Стојановски.

Крунислав, средното училиште го завршува во Скопје. По кратко студирање на Ветеринарниот факултет во Загреб и на Архитектонскиот факултет во Скопје, во 1992 година запишува Ликовна академија во Загреб, каде што дипломирал во 1998 година во класата на професорот Ѓуро Седер. Здобивајќи се со стипендија на KulturKontaktAustria, добива можност да студира и дипломира Public Art во класата на Dr. Agnes Denes (САД) на SOMMERAKADEMIE, Салцбург, Австрија. Професионално работи и се усовршува во Cable Factory, Хелсинки, Финска, како лауреат на програмата UNESCO-ASHBERG Bursaries for Artist Program, Франција. Член е Хрватското друштво на ликовни уметници и на Хрватската заедница на самостојни уметници, како и на Управниот одбор на Здружението на хрватските уметници и ликовни критичари. Повеќе години е член на Управниот одбор на Народното свеучилиште„Сесвете“ во Хрватска. Покрај уметничкото создавање, се занимава и со организација на разни уметнички проекти од меѓународен карактер. При тоа, во некои проекти иницира, продуцира и организира во целост, во некои пак, селектира уметници и поставува изложби, додека пак во некои проекти соработува во нивната организација. Некои од неговите најзначајни проекти се: Sunny Moon (2001) и Денови на хрватската култура во Македонија (2002), кои ги иницира и целосно ги организира. Овие проекти доведуваат до потпишување на Договор за соработка меѓу Министерствата за култура на Македонија и на Хрватска. Со селекција на уметници соработува и со Скопско лето (1996), Лампарна, Лабин, Хрватска (1997), а во Галеријата СЦ во Загреб ја иницира меѓународната изложба „Identities & Conflict/ EGO“ (2003). Повеќе години соработува во организацијата на Загреб Филм Фестивал и Фестивалот на светскиот театар во Загреб. Има работено специјални сценографски задачи за филмовите „Некои други приказни“, во режија на Ивона Јука (2003), и Goltzius &ThePelicanCompany (2011), на режисерот Питер Гринавеј (Peter Greenaway), за некои ТВ реклами и серии. Добитник е на наградите на UNICEF и на RedBull (2ОО3), како и на десетина позначајни стипендии. Се занимава со сликање, цртање, изработка на амбиентални инсталации, фотографија, видео, пишување и едукација. Темите што преовладуваат во неговото уметничко творештво се оние што имаат социјална, хуманистичка, еколошка и политичка конотација, со посебен акцент на поединецот и на неговата улога, на можностите и на значењето во глобалното општество.

Своето творештво го има претставено преку повеќе од 40 самостојни изложби во Загреб, Пореч, Грожњан, Макарска, Осијек, Ријека, Ѓаково, Пакрац, Задар – Хрватска; Виена – Австрија; Хелсинки и Еспоо – Финска; Скопје – Македонија; Берлин – Германија; Торино – Италија; Ротердам – Холандија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.