Browsing: КУЛТУРА

По 70 години од објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ од Ацо Шопов, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) утре организира средба во 12 часот во чест на големиот поет

Изведувач учествува на прославите по повод 24-годишнината од обединувањето на Германија. Картонските кутии биле наредени во форма на слика на Трабант, масовно произведени автомобили во комунистичка Источна Германија

Филмот е за едно село принудено да се помири со силувањето на тамошните жени од српските војници за време на Косовската војна во 1998-99 година, чувствителна тема која, како што вели Ќосја, во голема мера е занемарена во патријархалното косовско општество во изминатава деценија

Врвни солистички имиња, диригенти, програми интересни и за публиката и за оркестарот, најавува Македонската филхармонија за претстојната нова сезона 2014/15 што почнува вечерва со спектакуларен концерт на кој ќе настапи солистот Даниел Милер-Шот под диригентство на маестро Борјан Цанев

Според режисерот, филмот е прототип на македонска фамилија и тематизира семејни релации, а во преден план е љубовната приказна меѓу Ангела и Марко, кои ги играат младите актери Ивана Павлаковиќ и Кире Ѓоревски. Сценариото е на Гордан Михиќ и беше сниман, главно, во преспанскиот регион

Во Кина е веќе први октомври – национален празник и многу луѓе во Хонг Конг го искористиja слободното време за да излезат на улиците и да протестираат. Немирите предводени од студентите беа поттикнати од инсистирањето на Кина таа сама да ги бира кандидатите за престојните избори во 2017 година, иако на граѓаните од Хонг Конг им било ветено дека тие слободно ќе можат да ги избираат нивните лидери

Неколку експонати за време на изложбата при „Скопје дизајн вик“ исчезнаа, потврдија организаторите. И покрај немилиот настан, тие не сакаат во јавноста да коментираат за таквите инциденти, бидејќи приоритет на манифестацијата е публиката да се осврне на позитивните придобивки од неделата на дизајнот за која сметаат дека добива сè поголема значење и креира мостови за соработка помеѓу дизајнерите и компаниите

Kнигата „Отворен круг” на театарската критичарка, новинарка и публицистка, Лилјана Мазова ќе биде презентирана на 25 септември во МКЦ, а воедно ќе биде дел од Програмата на 39. Млад отворен театар

Електричната гитара на Никола Коџабашија успешно се вклопи и потпевнуваше со мала доза на морничавост, а ехото доаѓа дава извонреден заклучок во хлонираниот мавзолеј на Јулиета и наместо два, претставата траеше три часа

Оваа година програмата се фокусираше на создавање краток филм по претходно осмислено сценарио. Во програмата учествуваа деца на возраст од 11 до 16 години, кои возбудено го прифатија предизвикот на создавање филмско дело

Даутовски заедно со уште неколку уметници од целиот свет како гости солисти на овој реномиран ансамбл ќе настапат во проект за светското културно наследство „World Historical and Cultural Exposition“ што ќе се одржи во градот Nanjing