Browsing: КУЛТУРА

Беко издаде 15-тина студиски албуми и исто толку во живо сите од концертите во „Олимпија“. Снимил околу 400 композиции од кои како најпопуларен негов хит се смета „Натали“ на текст од Пјер Делано. Пееше и на други јазици, а и самиот беше вистински полиглот, течно зборуваше на шест јазици

По долго боледување денеска во Скопје почина Митко Мустачки Сокол. Соколот, како што го викаа неговите пријатели и музичари, беше познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на Долар и Карамела

Чекате на аеродром да дојде време за вашиот лет и помалку ви е досадно? Ако имате среќа да сте на аеродром каде што е поставен клавир, можеби ќе можете да го скусите времето со импровизиран концерт.

Музичарот – самоук кој е познат по прекарот Рашо , во зима, во лето, со автобус или автостоп секој ден ја минува релацијата Куманово – Скопје за да заработи парче леб. Заедно со хармониката која е постара од него се бори за секој денар што го добива, сè дури обезбедувањето од трговскиот не го исфрли бидејќи нема добиено дозвола да свири на тие простори.

Елвир Мекиќ и Елена Петреска со државни пари ќе ги афирмираат семејните вредности, или многудетните семејства, а Ѓорѓи Крстевски и Јован Јованов се промовираа како композитори на народна песна- и двајцата познати музичари на домашната поп-сцена

По убедувањата на негов познајник дека името Арнолд Џорџ Дорси е многу вообичаено, Арнолд одлучува да го смени името за полесно да го препознаваат со истото име како на германскиот композитор Енгелберт Хампердинк кое на германски се изговара Хумпердинк (1854 – 1921), познат по операта „Хансел и Гретел“. Името навистина е невообичаено и многумина не можеле да го запаметат или да го изговорат, но сите тие совршено добро ги знаеле неговите песни

Една од оригиналностите на овој фестивал е што за време на неговото траење, неколку хрватски ликовни уметници ќе ги портретираат писателите и ќе создаваат цртежи и слики инспирирани од нивните книги

Интересот за филмот бил незапамтен дотогаш и се смета за еден од најгледаните филмови на овие простори. До влезни билети тешко се доаѓало. Во редови се чекало уште од утринските часови

„O sole mio“ е една од најпопуларните наполитански песни, чиј автор е Едуардо ди Капуа. Најголем успех со англиска верзија има Елвис Присли, но со сосема нов текст и наслов „It’s Now Or Never“. Синглот доживеа планетарен успех

Еди Фишер стави свој печат на 50-тите години на минатиот век. Интерпретираше популарна музика која во тоа време добро пронаоѓаше на пазарот.А и тој самиот беше талентиран и умееше да и се додвори на публиката со исклучителниот шарм, милозвичниот баритон и привлечниот изглед. И не случајно имаше голем успех кај жените. Меѓу другото, промени пет жени од кои три се славни личности во сферата на филмот и музиката

Nespoon не го ограничува творештвото само со спреј, бои и матрици. За некои парчиња, таа ги дополнува пукнатините на тротоарите со цемент, а потоа ги украсува со елегантни дизајни. За други, таа креира мрежи на вистинска плетена чипка на јавните простори. Нејзината уметност е доказ дека речиси секој вид на уметнички медиум може да се донесе во јавни простори преку улична уметност